Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

Среќни сте со вашиот партнер, задоволни сте од вашата врска, а сепак честопати кога ќе легнете да спиете, сонувате како водите љубов со момчето од фотокопирницата. Дали тоа може да значи дека потсвесно не сте среќни во вашата врска? А зошто би сонувале како сте сексуално привлечени од некој маж, кој воопшто не е ваш тип? Дали можеби имате некоја засрамувачка сексуална тајна или проблем за кој не сте свесни во реалниот живот?

Според д-р Деби Хербеник, која е автор на книгата „Бидејќи чувството е убаво: Женски водич за сексуалното задоволство и сатисфакција“, пораката која ја испраќаат сексуалните соништа е сосема различна од она што го гледаме во нив. Сонувањето чудни сексуални соништа е нормална појава, врз која немате контрола и не треба да се срамите од нив, вели таа. Д-р Хербеник, заедно со друг експерт ги декодира шесте најтипични сексуални соништа кои ги сонуваат жените.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

1. Сон во кој имате секс со личност од истиот пол

„Можеби ќе ви звучи шокантно, но ваквиот сон не е воопшто ретка појава“ – вели д-р Хербеник. „Многу жени сонуваат како имаат секс со друга жена во некој период од нивниот живот, дури и ако во вистинскиот живот се сексуално возбудени само од мажи“ – објаснува таа. „Една од причините може да биде тоа што во последниве години, жените се опседнати со идејата да имаат секс со личност од истиот пол.“  Но, кога сосема хетеросексуална жена сонува како води љубов со друга жена, тоа најчесто може да претставува потсвесна експресија на цврсто пријателство со некоја пријателка. „Сексот со друга жена може да биде испровоциран од емоционалната блискост која многу жени ја имаат со нивните најдобри пријателки“ – вели д-р Хербеник. „Во соништата, понекогаш оваа блискост може да биде претставена на едно поинакво ниво, но таа не е никаков показател за вашата сексуална ориентација, освен доколку во будниот живот, сфатите дека сте заинтересирани за жени“.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

2. Бившото момче од средношколски денови во сон

Одамна не сте помислиле на момчето во кое бевте заљубени во школските денови. Тогаш зошто сонувавте како имате „див“ сексуален сон со него минатата вечер? „Не срамете се“ – вели д-р Хербеник. „Не е невообичаено за жените да сонуваат за нивните поранешни момчиња со кои биле во врска одамна, дури и ако сега се среќно мажени и имаат семејство.“ – вели таа. Се прашувате дали ваквиот сон може да значи дека некаде длабоко во вас, вие сте сè уште заљубени во вашето поранешно момче? „Најверојатно не“ – вели таа. Поверојатно е таквиот сон да е резултат на процесирањето стари спомени од страна на вашиот мозок. „Сликите со вашите поранешни момчиња се складирани во вашиот мозок заедно со илјадници други спомени.“ – објаснува таа. „Исто како што машките честопати сонуваат за нивните блескави средношколски денови, кога биле одлични фудбалери или кошаркари, жените можат на сон да се присетат на нивните дамнешни денови на романтика, возбуда и љубовно истражување.“Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат женитеСпоред Тина Б. Тесина (т.н. доктор за романса) која е калифорниски психотерапевт и автор на книгата „ It Ends with You: Grow Up and Out of Dysfunction“, овој сон може да значи и предупредување. „Тој може да значи дека некое сегашно искуство ве потсетило на некое искуство од минатото или дека вие се обидувате да сфатите нешто од тоа старо искуство.“ – вели таа, охрабрувајќи ги жените да не се плашат да размислат што нивниот сон се обидува да им каже. „Можеби некој кој го познавате или штотуку сте го запознале, ве потсетува на тоа бившо момче или пак може да значи дека сте потсвесно загрижени дека ќе ја повторите истата грешка во сегашноста.“ Нема ништо погрешно во малку носталгични чувства или патување наназад кон минатото“ – додава д-р Хербеник. Немојте само да констатирате дека вашиот сон е можеби знак дека треба да го додадете на Фејсбук вашето момче од средношколските денови.

3. Сексуален сон со некој кој не ве привлекува во реалниот живот

„Понекогаш жените може да сонуваат сексуален сон со некој кој не можат да го поднесат во будниот живот и физички воопшто не ги привлекува.“ – вели д-р Хербеник. „Сексуалните чувства можат да бидат предизвикани од разни емоции, вклучително и бес, што претставува еден вид страст.“ Страсните соништа може да сигнализираат гневни чувства во реалниот живот, упатени кон личноста во вашиот сон“. „Може да означува дека сте и лути на таа личност и го изразувате тој бес во вашиот сон“. Во секој случај, сон си е сон, а тоа значи дека не треба премногу да се опседнете со пораката која се труди да ви ја испрати. „Битен е фактот дека жените се способни да ги раздвојат нивните реални желби и потреби, од искушенијата кои им се јавуваат на сон и знаат дека нивните соништа не мораат да им диктираат или да им сугерираат нешто во врска со нивниот сексуален живот – додава д-р Хербеник. „Игнорирајте го и продолжете понатаму“ – вели таа.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

4. Непријатен сексуален сон со сопругот на вашата пријателка

Никогаш досега не сте имале афера, а вчеравечер сонувавте како имате секс со сопругот на вашата најдобра пријателка? „Првото објаснување за ваквиот сон е дека станува збор за невина љубопитност“ – вели д-р Тесина. „Можеби на некое потсвесно ниво се прашувате како би ви било доколку вие би биле со него“ – објаснува таа. Д-р Хербеник има друго објаснување за овој тип сон. „Тоа е табу тема, возбудливо е и тотално недолично, но таквите чувства може да направат да се чувствувате секси.“ „Едно мало истражување сугерира дека овие вонбрачни соништа може да бидат искусени од страна на оние жени кои имаат рутински секс. „Сфатете го овој сон како знак дека треба да внесете малку страст во вашата љубовна врска“ – објаснува д-р Хербеник. „Дали на начинот на кој што сопругот на вашата најдобра пријателка ве бакнал, сакате да ве бакнува и вашиот сопруг или партнер? Искрадете се во некој хотел за викенд и разгорете ја страста меѓу вас.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

5. Сон во кој вашето момче/сопруг има лице, глас или тело од друг маж

Вашиот партнер е рус и слабичок, а во сонот тој има тело како на Арнолд Шварценегер, црна коса и француски акцент? Д-р Хербеник објаснува дека овој сон може да биде сигнал за потреба од поголема необичност во врската. „Понекогаш стануваме мрзеливи и ни е досадно и мислиме дека знаеме сè во врска со нашиот партнер. Знаеме што ќе рече следно, што му се врти во глава, што ќе јаде за вечера или што ќе гледа на телевизија. Но запомнете дека сите, без разлика колку и да изгледаат предвидливи, имаат свои фантазии и мистерии, кои треба да бидете доволно љубопитни за да ги дознаете.“
Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените Нејзиниот совет е да се навратите на почетокот на врската. Ви текнува ли на првите состаноци и споделувањето на обични работи за животот, минатото, семејството? Таа вели „Кога мислите дека престанавте да споделувате? Пробајте да отворите тема која ќе испровоцира отворен и интересен муабет. Прашувајте како поминал неговиот ден, неговата работа, неговите соништа за животот или фамилијата. Можеби ќе наидете на некоја интересна тема споделувајќи работи и за себе и ќе сфатите дека имате голем интерес еден за друг.

6. Сонувате за мистериозен човек – совршениот витез во сјаен оклоп

Дали некогаш сте се разбудиле од перфектен романтичен сон и сте се изнервирале што сте повторно во досадното јаве? Тоа може да е сигнал дека нешто ви недостига во животот или врската. „Често се фокусираме на физичкиот аспект на сексуалниот однос, заборавајќи на емотивниот аспект, особено доколку врската е долга. Сонувањето мистериозен човек може да донесе малку емоционална романса во вашиот живот, што и не е така лошо. Доколку нешто ви се допаѓа од сонот со мистериозниот маж, пробајте да го примените тоа во реалниот живот.“Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар