Златни правила за купување облека на попуст

Златни правила за купување облека на попуст

Пополека ни стигнува летото, а со тоа доаѓаат и летните попусти на облеката по продавниците. Пред да почнете со обиколка на вашите омилени продавници за да ја освежите вашата летна гардероба, барем со неколку нови парчиња, на ум треба да ги имате следиве неколку совети за да уживате повеќе во шопингот.Златни правила за купување облека на попуст

Одредете буџет однапред

Многу е важно ова да го имате на ум постојано, од причина што, кога облеката е на намалена цена можете да се занесете и да потрошите повеќе отколку што сте сакале. Кредитните картички оставете ги дома, а со себе понесете само готовина и тоа онолку колку што имате намера да потрошите.

Направете список

Можеби звучи смешно бидејќи не одите во набавка на намирници, но сепак е добро да имате насоки кон кои треба да се придржувате. Кога имате прилика да појдете на шопинг, многу е лесно да се вратите дома со многу повеќе кеси отколку што се очекувале, вадејќи се на аргументот дека е купено на намалување.

Па така, доколку ви треба нов костим за капење, летен фустан за посебни прилики или панталони кои можете да ги комбинирате со повеќе парчиња што веќе ги имате, немојте да правите отстапувања и да купите нешто што не ќе можете да го искмбинирате со ништо, а сте го купиле затоа што било евтино. Исто така не купувајте парчиња облека што веќе ги имате дома, под изговор дека „од повеќе глава не боли“. Држете се до подготвениот список.

На себе носете удобна облека и наоружајте се со многу трпение

Сите оние кои имаат искуство со купување облека на намаление знаат дека тоа може да потрае и дека е долготраен процес. Од продавница во продавница, од кабина за пресоблекување во кабина. Сепак, барате нешто што идеално ќе ви одговара. Затоа најдобро е на себе да носите облека која лесно се соблекува и облекува, за да бидете поекспедитивни. Исто така, доколку не ви е денот и сте лошо расположени, одложете го шопингот за друг ден.

Задолжително пробувајте ја облеката пред да ја купите

Без оглед на тоа што знаете дека големината што сте ја одбрале е соодветна за вас, многу е важно да го пробате секое парче кое ќе го земете. Можеби моделот воопшто нема да прилега на вашето тело. Парчињата кои изгледаат добро на закачалка или на кукла не значи дека ќе ви стојат добро и вам. Затоа подобро е тоа да го забележите во соблекувалната, отколку дома.

Добро прегледајте ја облеката пред да ја платите

Во сезона на намалување на облеката особено треба да обрнете внимание на оние парчиња што сакате да ги купите. Многу често може да се случи поради честото пробување и разгледување, тие да се оштетени или извалкани. Токму затоа, доколку после пробувањето на парчето решите истото да го купите, добро прегледајте го од сите страни да не има некакви недостатоци.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар