Зимски чоколаден сладолед од кој ќе си излижете прсти

Вкусен зимски сладолед, за слатко попладне

Сладоледот е десерт во кој најчесто уживаме летно време, но многу популарна варијанта на омилениот десерт, се рецептите прилагодени за зимските месеци. Во овој сладолед најмногу преовладува чоколадото и многу посакуваната крема направена од матени жолчки од јајца, кои му даваат вкус сличен на популарниот мус. На овој сладолед можете да му ги менувате додатоците по ваш вкус, како на пример мелени ореви, бадеми, ф’стаци или замрзнато овошје.

Зимски чоколаден сладолед од кој ќе си излижете прсти

Потребни состојки:
  • 100 грама темно чоколадо (70 % какао) скршено на коцки
  • 300 мл полномасно млеко
  • 85 г шеќер
  • 3 жолчки од јајце
  • 300 мл слатка павлака
  • 6 корнети
Начин на подготовка:

1. Ставете ги коцките чоколадо и млекото во тенџере и ставете го на рингла на тивок оган. Мешајте додека не се создаде изедначена смеса. Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата да се олади.

2. Толчете го шеќерот со жолчките за да направите густа смеса и потоа сипете ја во тенџерчето со млеко и чоколадо. Сите состојки заедно гответе ги на тивок оган и непрестајно мешајте, додека смесата не се соедини. За да проверите дали сте ја добиле посакуваната густина, потопете дрвена лажица во тенџерето. Ако смесата не се одвојува од дрвената лажица, значи дека е готова.

3. Подготвениот крем оставете го да се олади, повремено промешувајќи го за да спречите настанување на кајмак на врвот. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, кој потоа ќе го сипете во чоколадниот крем. Подготвената смеса ставете ја во замрзнувач неколку часа, додека не се стврдне во целост. Замрзнатата смеса ставете ја во блендер и матете додека не добиете, густа леплива текстура. Потоа послужете го сладоледот во корнети.

Совет:

Во зимскиот сладолед, по желба можете да додадете мелени ореви, бадеми, ф’стаци или замрзнато овошје. Пред послужувањето можете да го потопите широкиот врв од корнетите во сад со растопено чоколадо, да ги посипете со цимет или рендано бело чоколадо.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар