Животот е прекраток за…

Доколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.

Животот е прекраток за...

Луѓе кои ви влијаат негативно – Односите со луѓето треба да ви помагаат во животот, а не да ве повредуваат. Поминувајте повеќе време со паметни и фини луѓе.

Работна средина или кариера која ја мразите – Не се задоволувајте со првата работа со која ќе ја започнете кариерата. Продолжете да трагате. По извесно време сигурно ќе најдете занимање кое ќе го обожавате. Доколку се вложите целосно и ја сакате секоја секунда помината работејќи, тогаш не прекинувајте. Дури тогаш правите нешто големо во животот. Тешката работа, не е напорна кога ја работите со љубов.

Вашата негативност – Пазете се од гласот во вас. Сите ние тивко си зборуваме самите на себе во нашите глави, но не секогаш сме свесни што си зборуваме и како тоа ни влијае. Почнете да си ги „слушате“ мислите. Исфрлете ги негативните мисли  и заменете ги со позитивни.

Непотребни недоразбирања – Кажувајте го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно, поставувајте прашања и разјаснувајте си ги нештата додека не ги сфатите целосно.

Неорганизиран живот и работен простор – Исчистете ја средината. Ослободете се од работите кои не ви се потребни.

Вашето доцнење – Станувајте 30 минути порано за да не мора да трчате како луди. Тие 30 минути ќе ви помогнат да избегнете многу проблеми.

Притисокот за да се вклопите во толпата – Честопати за да се вклопите во некое друштво глумите нешто што не сте. Избегнувајте ги таквите ситуации. Бидете тоа што сте.

Нездраво тело – Вашето здравје е вашиот живот. Не играјте си со него. Јадете правилно, вежбајте и правете редовни докторски контроли.

Стравот од промени – Животот е една голема промена. Секој ден е различен од претходниот. Секој ден е нов почеток и нов крај.

Само работа, ни момент уживање – Уживајте во животот и забавувајте се додека можете. Доколку сте насмеани, тогаш сигурно правите нешто вистински и како што треба.

Недоволно спиење – Изморениот ум никогаш нема да биде целосно продуктивен.

Правење на истото нешто повторно и повторно – Вие го живеете животот согласно вашите искуства. Колку повеќе искусувате, толку поинтересна станува вашата приказна.

Алчноста – Не дозволувајте алчноста и измамата да бидат дел од вашиот карактер. Алчноста ќе ја изгори дури и најмалата трошка среќа која ја имате.

Долгови – Секогаш живејте едно скалило пониско. Не купувајте работи кои не ви се потребни. Создадете буџет и план за штедење и држете се до него.

Нечесност – Чесното живеење создава мир во душата, а тоа е бесценето.

Неверство – Интимните односи се нешто свето, врска која се базира доверба. Ако двата партнера не се чувствуваат исто околу тоа, тогаш не треба да вложуваат во врската.

Небезбеден дом – Доколку не се чувствувате безбедно дома, никогаш нема да се чувствувате безбедно никаде. Изградете прекрасно домаќинство, на безбедно место, за кое ќе бидете горди да го наречете дом.

Неспремност – Животот е непредвидлив. Има голема разлика помеѓу стравот и спремноста. Секогаш бидете подготвени за изненадувања.

Пасивност – Или ќе преземате акција и ќе ги користите можностите кои ќе ви се појават на патот или некој друг ќе го стори тоа наместо вас. Не можете нешто да смените или да направите прогрес во животот, доколку само седите и размислувате, а не преземате ништо околу тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. K. Reply

    Браво, дефинитивно одлична статија и добри совети!

Остави коментар