Животот е подарок што треба да го прифатите

Иако можеби не е онаков каков што сте си го замислувале во вашето детство, сепак, животот е убав. Годините одминуваат, а вие постојано чекате нешто за да почнете да дишете слободно, да бидете среќни и спокојни, наместо конечно да почнете да живеете. Сите овие години никогаш не ќе можете да ги вратите и дури во староста можеби ќе сфатите дека животот тивко поминал пред вас, додека вие сте замислувале како би сакале да го живеете. Што и да ви се случи, најпрво морате да се потсетите себеси дека животот има непроценлива вредност. Тоа е чудо, иако моментално не ви се случуваат работите кои ги сакате.

Животот е подарок што треба да го прифатите

Обрнете внимание на сѐ она што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на настаните кои ве прават тажни или радосни. Прифатете сѐ без да приговарате. Дозволете си да страдате кога ви е тешко, а и да се радувате кога ќе постигнете некој успех. Сакајте со целото срце. Сакајте го и она што ви одговара и она што не ви одговара. Трудете се од сѐ да го извлечете најдоброто, од секое случување, од секоја личност, од секој проблем и од секоја пречка. Сакајте се себеси и својата улога на овој свет. Вашето присуство не е случајно, туку вие сте важна алка во огромниот синџир на постоењето. Животот е подарок, иако можеби немате сѐ што посакувате.

Човекот ќе го жнее само она што го посеал. Затоа, сејте љубов, разбирање, добрина, хуманост, искреност, смелост, верба и сочувство. Треба да верувате дека добрината раѓа добрина. Правете добри дела и помагајте им на оние на кои тоа им е најпотребно. И за крај треба да запаметите дека животот никому не останал должен!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар