Жешки трендови на бои за пролет 2012

Жешки трендови на бои за пролет 2012

Автор: Моника Трајковска

Пролетта е веднаш зад аголот, температурите ќе почнат да се зголемуваат, а со промената доаѓаат и новите модни трендови. Одберете каква било комбинација од следниве бои и ќе имате одличен нов и свеж изглед за оваа пролет.

Боја на мандарина

Оваа боја е прогласена како боја за 2012 година, затоа подгответе се за нејзино присуство во сите бутици. Бојата на мандарина е многу јака портокалова боја, со црвен сјај. Кога ќе дојде топлото време, облечете краток фустан, топ или бикини во оваа боја. Ако се чувствувате малку срамежливо, пробајте прво да го скршите мразот со модни додатоци во оваа боја.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012

Ментол

Пастелните бои ќе бидат многу застапени оваа сезона, но од оваа група бојата на ментол ќе биде најмногу во тренд. Ледената нијанса е прекрасен микс помеѓу сината и зелената. Оваа боја одговара скоро со сите бои, но најдобро изгледа во комбинација со жолта, розова или тиркизна.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012

Интензивна жолта

Со оваа боја на најлесен начин ќе ја победите депресијата која ја носи зимата. Интензивната жолта боја која е на работ да биде флуоресцентна, оваа пролет ќе биде една од најсмелите комбинации. Со додавање на какво било парче облека во оваа боја, вие ќе го освежите вашиот изглед и како бонус ќе направите вашата кожа да изгледа сончано.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012

Зелена

Зелената боја стана центар на внимание пред неколку недели на модните настани и се очекува да биде ултрапопуларна оваа пролет. Оваа светло зелена нијанса дефинитивно примамува многу погледи и одлично стои на кратки панталони, летни фустани и сандали.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012

Корално розова

Листата за пролетни бои никогаш не е целосна доколку во неа нема некоја нијанса на розова. Оваа сезона најпопуларна ќе биде светлата нијанса со мал сјај на портокалово. Коралната розова одлично се поклопува со облеката која сите девојки веќе ја имаат во својот плакар.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. heart Reply

    Epten mi se dopagaat !!! posebno koralno rozovata boja 😛

Напиши одговор на heart Откажи одговор