Жешки секс-совети од „50 нијанси на сиво“

Зошто трилогијата „50 нијанси на сиво“ е толку популарна? Најверојатно бидејќи во неа се зборува за забранетиот секс и табуата поврзани со грубиот секс. Бројни истражувања покажуваат дека ваквиот вид секс е најпопуларна фантазија и на мажите и на жените.

Жешки секс-совети од „50 нијанси сиво“

Фантазиите играат многу важна улога во одржување на возбудливоста на сексот во долгите врски и во бракот. Потребно е многу труд за сексот да остане интересен со личноста со која долго време сте заедно, бидејќи најголемата ерогена зона на човекот е мозокот. Токму затоа треба да го пуштите мозокот да лута и да замислувате што би било добро за вашиот сексуален живот. Кога станува збор за фантазии тешко е да се избегне фантазијата за груб секс, бидејќи постојат работи кои можат да бидат многу, многу секси.

Можеби е време да размислите како можете да ја подигнете температурата во спалната соба.

1. Размислете малку за работите

Размислете за сексуалните фантазии кои ве возбудуваат. Дали вашата цел е да чувствувате физичко или емоционално задоволство? Што точно сакате и колку далеку сте спремни да одите?

2. Опуштете се и предајте се

За разлика од повеќето мажи, женскиот мозок игра огромна улога во сексуалните активности, задоволството и препуштањето. Способноста да се препуштите на моментот е најважен дел од процесот. Ова значи дека му верувате доволно на партнерот за да ги „спуштите“ заштитните ѕидови и да се опуштите. Кога ќе бидете спремни да го направите ова, се создаваат можности за нови прилики и токму тоа е патот до нешто ново.

3. Почнете да разговарате

Спротивно од сѐ што ве имаат убедувано некои мажи, навистина е секси да му се отворите на партнерот и да му кажете што точно сакате. Наместо да зборите за тоа што не го сакате, подобро разговарајте за тоа што ве возбудува и за меѓусебните фантазии. Клучот до успешното сексуално задоволство е отворена комуникација, затоа постојано разговарајте со партнерот.

4. Забавете

Воведувањето на нови работи не значи дека одма морате да се облечете во кожен комбинезон или да го извадите камшикот уште првата вечер. Наместо тоа, тргнете со мали чекори. Експертите во ова поле се сложуваат дека за почетниците добар потег е играњето улоги, за кои не се потребни никакви помагала. Играњето собарка и гостин во хотел или крадец и осамена домаќинка или нешто слично, може да биде вашиот прв чекор.

Ако глумата не е ви се допаѓа, пробајте со врзување на очите со превез и разгалување на сетилата. Донесете чинија со овошје, чоколадо, вино, лед, ментол бонбони и експериментирајте.

5. Играчки и локации

Кога ќе дојде вистинското време за тоа, испробајте некоја нова играчка или направете го тоа на некоја необична локација. Почнете со поситни играчки, како лисици, свилени траки и слично. Со траката покрај тоа што можете да му ги покриете очите или да го заврзете, можете и стратешки да покриете делови од вашето телото.

6. Сакајте се себеси

Ова може да значи многу работи, но се однесува на тоа да се грижите за себе и да се цените. Уште еден трик за градење на високо ниво на самодоверба е да носите секси долна облека и надвор од спалната соба и тоа под најнормална облека. Така цел ден ќе се чувствувате секси. Но, ова не се однесува само на долната облека. Најважна е состојбата на умот и како размислувате за себеси. Тој ве сака каква што сте, а ќе продолжи да ве сака уште повеќе кога и вие ќе почнете да се сакате себеси.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар