Жешки чоколадни камчиња

Овие чоколадни колачиња се одличен начин да ја изненадите вашата најсакана личност. За роденден, годишнина, Свети Валентин или онака, без причина, како што е секогаш најубаво, изборот е ваш. Особено се погодни за посилниот пол затоа што се многу лесни за подготовка, а девојките дефинитивно „ќе паднат“ на нив и на гестот. Со добра храна полесно се доаѓа до женското срце, нели?Жешки чоколадни камчињаПотребно е:

  • 230 г чоколадо со 60% какао маса
  • половина лажиче чили во прав
  • прстофат сол
  • 1/2 шолја (240 мл) хопла
  • какао за валкање

Подготовка: Чоколадото исечете го на помали коцки. Ставете го во сад и додајте ги солта и чилито. Во тенџерче ставете ја хоплата и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие, претурете ја хоплата врз чоколадото и почекајте 3 минути без да мешате. По три минути, измешајте ја смесата со дрвена лажица додека не стане мазна. Готовата смеса истурете ја врз пластична фолија и завртете ја како салама или како што ќе ви биде згодно. Ставете го чоколадото во замрзнувач и оставете го неколку часа додека не се стврдне убаво. Потоа, извадете го чоколадото и извадете ја фолијата. Од чоколадото сечете коцки со димензии по ваш избор (не ги сечете прецизно и со точни големини, сепак се викаат камчиња, нели?). Камчињата извалкајте ги во какао.Жешки чоколадни камчиња

За авторот

Поврзани содржини

  1. Еми Reply

    Чоколадото треба да се стопи исто така ? Или хоплата ке е доволно топла да го растопи после ?

    • Теодора Трповска Reply

      Еми,
      Како што пишува во рецептот, чоколадото се сечка на коцки и врз него се прелева жешката хопла. Значи, чоколадото не се растопува претходно.

  2. Sar4e Reply

    Ima i drugi polesni recepti od ovie…a i povkusni, bogami!!

  3. Наташа Reply

    Камчињава се супер :)
    Вчера ги направив и многу се вкусни! Лесно и брзо за подготовка…

  4. Zip_ Reply

    Ова чоколадово со 60% какао маса е она чоколадо за готвење?

    Првпат ќе готвам нешто така да било какви совети се добредојдени :)

Остави коментар