Жените знаат, мажите можат

Автор: М. Давидовска

Девојките побрзо созреваат и психички и физички. Но, што се случува кога и момците ќе станат зрели и возрасни?

Жените знаат, мажите можат

Девојките важат за нежни, пријатни и мили, но се повеќе сакаат да се докажат дека се самостојни, способни, вешти и многу попаметни од посилниот пол. И научно и практично се докажале како такви, но сепак постои една мала, но исто толку голема работа која ги спречува во сето она што го смислиле и решиле да го остварат, а тоа е: премногу размислуваат и навлегуваат во работите и ги анализираат! Кога би можеле помалку да се оптоваруваат, би биле секогаш задоволни.

Жените знаат, мажите можат

Момците за разлика од девојките се порешителни, не затоа што не размислуваат пред да направат нешто, туку бидејќи не се водат од простите предрасуди и озборувања и полесно функционираат.

Kога една девојка ќе се најде во непозната средина или пак ќе се соочи со нови работи и нови луѓе, најпрво размислува како да се претстави и докаже, а притоа да не погреши и да го остави вистинскиот впечаток. И секако, кога се оптоваруваме со една иста незначајна мисла ќе го покажеме сосема спротивното…

Момците го сакаат истото, но тие на спонтан природен начин подобро се претставуваат и тоа секако се цени многу повеќе.

Храброста е доблест која не секој може да ја поседува. Кога на девојката и е некој важен и сака да го задржи, таа мисли дека не треба да кажува сè што мисли и чувствува, а тоа секако во многу случаи се покажало како неправилно. Во ова модерно време на живеење треба да се негуваат старите правила за почитување, но не оние кои тогаш важеле за пристојни и нормални. Така, девојките сè уште би чекале и би зависеле од момците, а најмногу во изразување на чувствата.

Жените знаат, мажите можат

Она што ви шепоти од внатре не се секогаш зборовите на срцето, ниту пак на разумот. Момците делуваат самоуверено само затоа што не прашуваат постојано и наоколу дали тоа што сакаат да го направат е правилно. Тие дејствуваат, па доколку крајот резултира со неуспех, учат од сопствените грешки и веднаш ги поправаат.

Девојките се секогаш спремни за долги разговори и внимателно сослушување, а особено сакаат да делат совети, но ретко кога ги применуваат за себе.

Жените знаат, мажите можат

Момците, пак, не поднесуваат долги анализирања на небитни прашања и слободното време го користат најчесто за добро опуштање со пријателите, па денот им е како песна.

Жените знаат, мажите можат

Ако на момците им кажете „не“, „не сакам”, „не можам”, тие го прифаќаат тоа и не размислуваат понатаму, но затоа девојките се секогаш спремни да го толкуваат одговорот, па дури и да навлезат во вашата психа и да донесат заклучок дека вашето „НЕ“ е всушност „ДА”. Ако нема никаков проблем, девојките ќе го измислат, но само ако тоа им биде допуштено.

Момците знаат да бидат исто толку нежни и внимателни како и девојките, само треба да им оставите простор да се покажат и верувајте ќе го направат тоа на најдобар можен начин.

Момците обожуваат амбициозни, одлучни и храбри девојки, но сепак оставете им да мислат дека тие ја имаат водечката позиција.

А, пак, девојките ја ценат искреноста, сакаат да им биде посветено внимание, а кога го имаат тоа, спремни се да возвратат два пати повеќе.

Па затоа, девојки бидете поопуштени, а вие момци повнимателни за да бидеме сите среќни и задоволни…

Жените знаат, мажите можат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Еден Маж Reply

    „Ако на момците им кажете „не“,„не сакам”,„не можам”, тие го прифаќаат тоа и не размислуваат понатаму, но затоа девојките се секогаш спремни да го толкуваат одговорот, па дури и да навлезат во вашата психа и да донесат заклучок дека вашето „НЕ“ е всушност „ДА”. Ако нема никаков проблем, девојките ќе го измислат, но само ако тоа им биде допуштено.“

    Оф оф, некој многу малку ги познава мажите… Ако ќутиме, не значи дека не размислуваме, ниту дека не анализираме. Многу пати сме способни и нечие „не“ да го сфатиме како „да“ (и обратно). Се’ зависи од ситуацијата и кои емоции се вмешани. Ако некоја ни значи, ќе си го прашам дали нејзиното „не сакам“ нема да ми значи. Има жив да се изедам. Ако ме боли … онаквиот, де, тогаш нема да се замарам многу. Значи, нормално е и вака и така, да се размислува и „женски“ и „машки“. Башка, ха, сум дал еден куп совети кои баш и не ги применувам во целост… А познавам и еден куп девојки кои имаат „ментални“ особини на горенаведениве „мажи“. Текстовиве значи… Некогаш повеќе ќе доведат некого во заблуда него што ќе му помогнат. Ако „тој“ и „таа“ баш и не се разбираат, лекот е едноставен: отворен, смирен разговор. Ако не, нека продолжат да ловат „вештерки“. И, така. :)

    Поздрав.

  2. БратеТебра Reply

    Многу интересно како во сите овие анализи одат во смисла девојки оставете ги мажите да мислат дека се главни, демек лажете ги мажите да веруваат дека се тие водачи во врската, а пример никаде не видов совет дечки лажете ги девојките да мислат дека тие ви се единствени во врската и дека немате друга.
    А за тоа научно и практично се докажале дека се самостојни, способни, вешти и многу попаметни од посилниот пол немам коментар. Знаеме кои се најдобрите научници бизнисмени најбогати и луѓе во светот во светот.
    Поздрав.

Остави коментар