Жените се понекогаш грозни: Работи кои тие ги прават, а мажите немаат поим

Жените се понекогаш грозни: Работи кои тие ги прават, а мажите немаат поим

Секоја жена би сакала во секој момент да биде совршено средена, но реалноста за жал е многу поинаква. Не само што жените немаат доволно време, туку неретко и парите се проблем за да би биле цело време тип-топ. Затоа се снаоѓаат на разни генијални начини со цел мажите никогаш да не забележат. Но, некои од тие работи се едноставно одвратни.

zhenite-se-ponekogash-grozni-raboti-koi-tie-gi-pravat-a-mazhite-nemaat-poim-kafepauza.mk

Ги бричат нозете до колена

Не можете да стигнете да се издепилирате? Тогаш избричете ги нозете до колена и облечете ја омилената сукња. Внимавајте само да не ве види партнерот додека се соблекувате, глетката може сериозно да го исплаши.

Ги мијат само шишките

Немате време да ја измиете косата? Измијте ја само од напред. Ако имате шишки, измијте ги нив, над лавабото, а ако не, измијте само одредени прамени. Потребни се само неколку минути, а косата на прв поглед ќе ви изгледа чисто.

Прават лажен тен

Ако ви е скапо да дадете пари за цело шишенце спреј за самопотемнување, тогаш лажирајте го тенот само на потребното место. Да речеме, ако носите фармерки и балетанки или сандали, измачкајте го делот од стапалата кој се гледа со бронзер. Без облека ќе изгледате како да сте згазнале во кал, но со фармерките ќе делувате како штотуку да сте се вратиле од одмор.

Ја „чистат“ валканата облека со освежувач за простор

Ако сте премногу мрзеливи или немате пари за хемиско чистење, облеката можете да ја испрскате со освежувач за простор и таа ќе изгледа (и мириса) како нова.

Ги прикриваат подраснатите веѓи со пудра

Ако немате време да ги искубете веѓите, прикријте ги влакната кои стрчат со малку течна пудра. Ова е брзо решение, но може да делува и уште понеуредно ако не ја погодите вистинската нијанса на пудрата.

Лакираат само по два нокта на нозете

Ако носите чевли со отворени прсти, а немате време за комплетен маникир, налакирајте ги само првите два прста на нозете, односно само оние кои се гледаат. Доколку ги соблечете чевлите веројатно ќе делувате чудно и неуредно, но кој би имал прилика да ви ги види нозете боси кога сте излезени во град!?

Ги прелакираат подизлупените нокти

Кога маникирот ќе почне да се лупи, тоа лесно и брзо може да се реши доколку преку него нанесете нов слој лак. Исто така жените практикуваат уште еден метод – лепење вештачки нокти. Ако вашите нокти се изабени, а немате време за маникир, само прелепете ги со вештачки и ќе делувате тип-топ средени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар