Жените донесуваат подобри деловни одлуки од мажите

Кога станува збор за работа, жените и тоа како можат и треба да им парираат на мажите за високите позиции, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека тие многу често знаат да бидат поуспешни од машките во донесувањето на важните одлуки во компаниите.Жените доносуваат подобри деловни одлуки од мажитеИстражувањето покажало дела жените се поправедни при донесувањето на важните одлуки, што придонесува за поуспешна работа на фирмата за којашто тие работат. Од друга страна, машките при донесувањето на важните одлуки се посклони да се водат строго по прописите и правилата, додека жените многу помалку се ограничуваат само на овие работи. Тие сакаат да се потпираат на добра соработка и постигнување консензус.

„Жените секогаш сакаат да разгледаат повеќе можни решенија, што е многу важно особено кога во предвид треба да се земе мислењето на повеќе страни“. – вели Грегори Мекин, еден од истражувачите.

Во ова истражување учествувале 600 мажи и жени кои се наоѓаат на директорски позиции во компании од различен карактер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар