Жени, време е: 24 работи на кои треба да им кажете збогум во 2016-тата

Во продолжение следуваат 24 резолуции кои ќе го унапредат вашиот живот и ќе внесат позитивни промени. Комбинирајте ги и прилагодете ги на себе во своето слободно време. Доколку се чувствувате особено амбициозни, тогаш остварете ги сите.
Жени, време е: 24 работи на кои треба да им кажете збогум во 2016-тата!

1. Неучтиви средби

Тажно е што веќе стана сосема нормално да се откажуваат средбите во последен момент. Нормални се и непристојните коментари и незгодните забелешки. Ако сакате подобро искуство, мора да ги подигнете стандардите и да почнете поцврсто да стоите на вашиот став.

2. Лажни пријателства

Сите ние сме возрасни. Знаеме кој ни е вистински пријател, а кој не. Престанете да наоѓате време за луѓето кои прават да се чувствувате лошо/искористено/непочитувано или кои будат во вас слични токсични емоции. Кажете им збогум!

3. Грешки од минатото

Колку долго болните сеќавања и спомени ве спречувале вистински да го живеете животот и да уживате го сегашните моменти? Направете сè што е потребно за да им ја одземете таа моќ. Побарајте терапевт, читајте книги за самопомош, медитирајте или одете на групни терапии.

4. Мразење други жени

Време е да бидете инспирирани и да ги поддржувате другите жени. Како е омаловажувањето на жените од страна на други жени поразлично од малтретирањето на жените од страна на мажите?

5. Извинувања за својот успех

Ова е 2016-та. Жените се бореа долго и тешко за да стекнат право на глас, на работа, како и да можат да ги остварат своите визии кон кои напорната работа може да ги одведе. Не се спречувајте, сјајте.

6. Да дозволите да ве полудува електронската пошта

Седнете, направете план, организирајте се и потоа почнете да бришете или да архивирате.

7. Игнорирање на работи кои треба да се сработат

Сите ние имаме проблеми, а нивното решавање ќе ни помогне да живееме подобар и посреќен живот. Која е користа од игнорирањето на проблемите освен тоа што на тој начин само го тешиме егото?

8. Трчање кај мама и тато

Добро е што родителите се секогаш тука за вас, но знаете што е потребно? Да им покажете како направиле одлична работа и створиле една независна, самостојна личност.

9. Често нарачување храна

Не само што е скапо, туку не е ни здраво. Направете листа од сите прехранбени производи кои веќе се наоѓаат во вашата кујна и згответе нешто едноставно и здраво.

10. Излегувате дури и кога сте преморени

Не мора да излезете надвор од вашиот дом кога сте уморни само затоа што се плашите дека ќе одбиете некого и со тоа ќе го повредите.

11. Возење со автомобил – секогаш и насекаде

Седнете и размислете колку сте потрошиле на бензин изминатава година. Време е да направите промена и повеќе да пешачите. Којзнае, можеби на тој начин ќе успеете да заштедите доволно за да заминете на мини одмор.

12. Излегувања преку неделата

Излегувањата на вечера и пијалак можат повремено да бидат забавни, но ако сте мамурни на работа неколку дена во неделата, би требало да се потсетите дека не сте повеќе средношколци. Како можете да го импресионирате шефот и да напредувате, ако постојано се движите надвор од шините?

13. Пребарување на социјалните мрежи пред спиење

Искрено, не постои ништо на Инстаграм што би можело да го промени вашиот живот. Социјалните мрежи можат да почекаат.

14. Останување во односи, бидејќи се надевате дека одеднаш другата личност ќе стане она што го сакате/заслужувате

Односот би требало да вклучува две личности кои гледаат во иста насока и заедно се трудат тоа да го постигнат, истовремено наоѓајќи забава и утеха едни во други. Не е паметно да очекувате ситуацијата, или уште полошо личноста, да се променат.

15. Користење на кредитната картичка бидејќи немате кеш

Еве едно правило кое ќе ве доведе до финансиска слобода: Ако нешто не можете да си го дозволите, немојте ни да го купувате.

16. Непрекинато барање совети

Да, сите имаме некоја мудрост која можеме да ја споделиме и одлично е да се имаат паметни пријатели кои ќе ни понудат решение. Но, ако не можете да сфатите како да донесете одлука, не знаете како се чувствувате и што е добро за вас, често ќе се најдете во ситуација на паника каде што ќе се прашувате: „Што да правам сега?“ Таквите ситуации ќе ве остават парализирани.

17. Гледање реални шоуа наместо живеење на вистинскиот живот

Сметаме дека тука не е потребен коментар.

18. Набројување на изговори поради кои не требате да одите на вежбање и да бидете активни

Вежбите се повеќе од добар изглед. Редовното движење, освен што е добро за општото здравје, ја зголемува флексибилноста, го смалува кортизолот, помага во испуштањето ендорфини, активно се бори против депресијата, го зајакнува умот, како и дисциплината, дава чувство на бистрина, задоволство и достигнување. Време е здравјето да стане вашиот вистински приоритет.

19. Незгодно ви е да кажете: „Јас го заслужувам најдоброто“

Не, тоа не значи дека не треба да се срамите да ѝ кажете на фината личност која ве одвела во еден убав ресторан дека сакате јадење од 100 евра. Тоа значи да се погледнете во огледало и да знаете дека го заслужувате најдоброто од себе секој ден.

20. Играње мачка и глушец

Ги знаете оние ситуации во кои некој ве сака само кога го игнорирате, но кога ќе му обрнете малку внимание, просто исчезнува? Продолжете понатаму.

21. Не се соочувате со вашиот страв од конфликт

Нема успешни и среќни личности на планетава кои не го иритираат некого во овој момент. Време е да се соочите со својот страв од конфликт, така што конечно ќе можете да го направите она што навистина го сакате, да го кажете она што го чувствувате и да живеете автентичен живот каков што заслужувате да живеете.

22. Живеење вечен студентски живот

Купете си убави чинии, врамете ги вашите фотографии, купете еден пристоен комплет на постелнина и добра книга за готвење.

23. Ставање на важните работи на чекање

Секогаш постои утре, сè додека нема да го има. Размислите за тоа кои сте и што навистина сакате од животот и направете план. Никогаш нема да има време ако чекате, но ќе го има доста ако се одлучите да направите чекор напред.

24. Грижа за тоа што мислат другите

Не заборавајте дека сите го живееме својот живот. Секој мисли најмногу на себеси. Животот е дар, а вие можете да го спакувате и да го носите како што сакате.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар