Жената со најзатегнато тело на социјалните мрежи открива колку пати неделно треба да вежбате

Личниот тренер, Кајла Итсинес, е популарна на Инстаграм поради нејзините одлични совети за вежбање, но и поради беспрекорниот изглед. Доколку помисливте дека оваа девојка вежба секој ден за да изгледа вака, тогаш не сте во право. Кајла на Инстаграм открива точно колку вежба неделно и зошто мисли дека жените не би требало да вежбаат секојдневно.

„Честопати ме прашуваат колку пати неделно вежбам и по колку часа, па еве го мојот одговор: Вежбам 28 минути, 3-4 пати неделно. Го навикнав своето тело на ваков режим на вежбање. Вака вежбам од своите 19, а сега имам 25 години. Вкупно се задржувам еден час во теретана, бидејќи се загревам и на крај се одморам. Не вежбам 28 минути па веднаш да си одам. Пред секое вежбање се загревам и брзо одам 5 минути. Дури потоа почнува моето 28-минутно вежбање. Потоа се истегнувам додека не помине вкупно еден час. Се надевам дека овие информации ќе им бидат корисни на девојките кои секогаш ме прашуваа за ова“, пишува Кајла.

Се сложувате ли и вие со нејзиниот начин на вежбање? Во продолжение погледнете ја галеријата и забележете го неверојатниот резултат кој го постигнала оваа девојка.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар