Жарко Батиќ: Кросфитот го подобрува начинот на живот – доброто тело е само бонус

Жарко Батиќ: Кросфитот го подобрува начинот на живот – доброто тело е само бонус

Поголемиот дел од младите денес се грижат за себе и се обидуваат да водат здрав живот. Физичката активност е неминовен дел од нивното секојдневие. Наутро џогирање, теретана после работа, планинарење и велосипедизам за викенд, аеробик, јога за воспоставување баланс помеѓу телото и умот… Можностите се бесконечни! Но, во последно време се прави голема врева околу една фитнес програма за која се верува дека е наменета само за најупорните и најиздржливите.

Жарко Батиќ: Кросфитот го подобрува начинот на живот – доброто тело е само бонус

Станува збор за кросфит! Сигурно сте чуле дека некој ваш пријател се занимава со ова, но можеби не знаете за што точно станува збор. Најверојатно ви кажале дека тоа е многу тешко, дека не е за секого, дека не може да се издржи целиот тренинг и други слични приказни. Жарко Батиќ е тука за да ги побие сите ваши предрасуди за „тешкиот“ кросфит!

Жарко е кросфит тренер и натпреварувач кој учествувал на повеќе од 10 меѓународни натпревари. Тој е дел од тимот на КросФит Скопје и денес ќе ви открие сѐ што треба да знаете доколку сакате да се обидете со овој ефективен и моќен спорт!

Што е кросфит?

Сте чуле дека е тешко и напорно, но дали знаете што точно е кросфит и какви вежби вклучува еден тренинг? Според главната дефиниција, кросфит е константна варијација на функционални движења извршени под висок интензитет. Функционални движења, пак, се оние во кои се користат 2 или повеќе зглобови.

„Движењата постојано варираат во најразлични комбинации и речиси никогаш не се повторува еден ист тренинг. Кросфитот е составен од 2 олимписки спорта, олимписко кревање тегови и гимнастика и вежби за висока кардиоваскуларна издржливост. Комбинацијата на овие движења ги опфаќа сите 10 физички карактеристики на човекот (брзина, кондиција, флексибилност, баланс, координација, издржливост, сила, моќност, прецизност и агилност)“, открива Жарко.

Кросфитот гарантира дека ќе ја подобрите вашата физичка подготвеност од сите можни аспекти. Освен тоа, секогаш ќе знаете до каде сте, бидејќи постојано ќе можете да го следите вашиот прогрес.

„Кросфит е единствената фитнес програма каде што напредокот е мерлив. После секоја вежба нашите членови го запишуваат резултатот и според тоа го следиме нивниот напредок. Целта на кросфитот е да се специјализираме во тоа да не бидеме експерти само во една област од фитнесот“, објаснува Жарко.

Кросфитот е многу повеќе од обично кревање тегови, бидејќи ги опфаќа сите области од фитнесот. Оваа физичка активност не само што ќе ви помогне да станете посилни, туку и ќе ве направи поиздржливи, побрзи, пофлексибилни и попрецизни.

Жарко Батиќ: Кросфитот го подобрува начинот на живот – доброто тело е само бонус

Кој може да вежба кросфит?

Жарко уверливо тврди дека буквално сите можат да вежбаат кросфит без оглед на возраста, полот и физичката подготвеност! Но, пред да почнете со вистинскиот тренинг, ќе мора да го поминете почетничкиот курс кој трае 12 часа.

„Во првиот месец од тренирањето, главниот фокус е на правилниот начин на изведување на вежбите. Две третини од часот поминуваат во правилно истегнување, загревање и учење на движењата што се предвидени за самиот час, па дури потоа правиме вежба со претходно научените движења. Вежбата и движењата се исти за сите, без разлика на физичката подготвеност. Варираат само бројот на повторувања и интензитетот“, изјави кросфитерот.

Не се сеќавате кога последен пат сте вежбале? Мислите дека сте премногу стари за да почнете со вежбање кросфит? Ослободете се од ограничувањата што самите си ги наметнувате и разбранувајте ја вашата секојдневна рутина со нешто ново!

Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар