Зелен алкален пијалак за одржување на здравјето и енергијата

Зелен алкален пијалак за одржување на здравјето и енергијата

Благодарение на крцкавата зелена јаболка и интензивниот ѓумбир, овој зелен тоник ќе ви помогне да го преживеете секој ден…

Зелен алкален пијалак за одржување на здравјето и енергијата

Потребни состојки:
  • 1 зелена јаболка
  • 3 гранчиња целер
  • 1/2 краставица
  • 2 сантиметри ѓумбир
  • 2 листа кељ
  • 1 лимон
Начин на подготовка:

Пресечете ја јаболката на половина и извадете го средниот дел со семките. Ставете ја во соковник. Додајте го целерот. Излупете ја краставицата, исечете ја на тенки линии и додајте ја и неа на останатите состојки. Вклучете го соковникот. Кога ќе добиете сок, изрендајте го ѓумбирот, исечкајте ги листовите кељ и исцедете го лимонот. Измешајте и сипете во чаша.

Напомена: Ако сакате да ги искористите и придобивките на кората од краставицата, купете органска. На овој начин ќе го извлечете најдоброто од неа, без да ги консумирате штетните материи што се користат при прскање на неорганските зеленчуци.

Не ви се допаѓа некоја од овие состојки? Погледнете ја и оваа верзија на зелениот тоник!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар