Здрави производи од кои ќе изгледате помладо

Здрави производи од кои ќе изгледате помладо

Здравата исхрана не е само добра за струкот и за имунитетот, туку може да има и неверојатно влијание врз „пеглањето“ на брчките и сјајот на косата.

1-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_

1. Лубеница

Летната миленичка, лубеницата, е полна со антиоксиданси кои ѝ ја даваат нејзината црвена боја. Тие состојки ѝ помагаат на кожата да им се спротивстави на штетните УВ-зраци. Лубеницата содржи околу 40% повеќе антиоксиданси отколку доматот и затоа е корисна за оние кои сакаат да излегуваат на сонце.

2 Калинка

Зрната на калинката се полни со антиоксиданси и витамин Ц кои ги спречуваат брчките и сувоста на кожата. Ова овошје во себе, исто така, содржи хемиски соединенија кои го засилуваат создавањето на колаген, кој на кожата ѝ дава поцврст изглед и киселина, која ги намалува воспаленијата предизвикани од УВ-зрачењето.

3. Боровинка

Боровинките ќе ви пружат витамини Ц и Е кои ќе ви помогнат во осветлувањето на кожата и изедначувањето на нејзината боја.

2-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_

4. Јастог

Јастозите се полни со цинк и имаат разни противвоспалителни својства. Тоа помага при каков било проблем со кожата, па дури и со акните. Цинкот го забрзува обновувањето на кожата.

5. Кељ

Кељот е полн со витамин К кој помага во згуснувањето на крвта како и железо кое ни дава здрава боја на кожата.

6. Јајце

Нашите нокти се составени од протеини, па може да станат меки доколку не ги внесуваме во нашето тело. Јајцето е добар извор на биотин – витамин кој ги метаболизира аминокселините (главната состојка на протеините).

3-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар