Здрава и брза диета за слабеење без напор

Доколку конечно се решивте да симнете некој килограм, овој режим на исхрана ќе ви биде одличен начин без мачење да стигнете до посакуваната цел. Со оваа диета ќе ги изгубите килограмите на природен и здрав начин, без да гладувате. За разлика од голем број диети, во кои после нивното завршување можат да се појават контра ефекти, оваа диета подразбира балансирање на хранливите материи и одржување на калориите на стандардно ниво. После само 14 дена, резултатите ќе бидат евидентни.

Здрава и брза диета за слабеење без напор

Пред појадок

Почнете го денот со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Ваквата лимонада ќе го прочисти телото и ќе помогне во разградувањето на мастите.

Во наредниот час и половина испијте уште три чаши вода за да го исчистите телото од токсини. Препорачливо е во текот на денот да се напиете барем 2 литри вода, но не по секоја цена.

Појадок

Запомнете дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот. Постојат неколку опции за овој оброк.

  • Варено јајце или кајгана
  • Овес или житарки со млеко
  • Овошје (доколку јадете банана, ограничете се на една)

Здрава и брза диета за слабеење без напор

Ручек

За ручекот подгответе си оброк кој содржи многу протеини и искомбинирајте ги со свежа салата. Еве неколку предлози:

  • Печено или варено пилешко, мисиркино или телешко месо
  • Печена риба или исцедена туна
  • Супа од спанаќ и интегрални тортиљи

Вечера

Вечерата треба да биде најлесниот оброк. Можете да подготвите супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Исто така можете да подготвите и печен зеленчук со минимална количина маслиново масло или да направите пуканки.

Помеѓу оброците

Доколку огладнете помеѓу оброците, можете да исцедите сок од свежо овошје или да изедете мала количина интегрални грицки.

Здрава и брза диета за слабеење без напор

Строго забрането

  • Шеќер
  • Сокови во амбалажа кои содржат адитиви
  • Чипсови и закуски
  • Чоколади и слатки од секаков вид
  • Леб

Препорачливо

Покрај ваквиот вид исхрана, препорачливо е и да спортувате. Каква било активност 3 пати неделно може да ви помогне да се чувствувате уште поудобно во сопственото тело.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. hmm Reply

    okolu kolku kg za 14 dena ?

  2. stole Reply

    kolku kg se gubat za 14 dena

  3. Tode Reply

    Piev od cajot za slabeenje od apteka matija i imase efekti. Sum slusnal i od drugi so go probale

  4. Ane Reply

    Dali nekoj go ima koristeno gelot za celulit od Bilna Apteka Matija?

  5. lile Reply

    zdr dali treba na eden obrok da se opredelis ili site so ret da se jada

Остави коментар