Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

Сигурно знаете од лично искуство дека не е лесно да се биде постојано мотивиран и инспириран. Инспиративните цитати понекогаш не можат да ве поттикнат на личен развој, особено ако сте ги слушнале милион пати и веќе ви станале здодевни. Но, сепак тие се насекаде иако никој не ги побарал и не сакал да ги прочита. Луѓето коишто се навистина инспирирани, немаат време да објавуваат инспиративни цитати на секои 5 минути. Ова се цитатите што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи еднаш засекогаш…

Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

„Живејте со полни гради“

„Само еднаш се живее“ и „Живеј го секој ден како да е последен“ исто така припаѓаат во оваа категорија. Овие цитати се употребуваат премногу често и сигурно ви е веќе смачено од нив. Можете да ги сретнете во биографиите на Фејсбук профилите на многу луѓе и во описите под нивните фотографии каде што држат змија или се пијанат до бесвест. Веќе сме ги чуле овие цитати и не ни помагаат да се чувствуваме подобро. Не можеме сите да се разбудиме и да скокаме со падобран секој ден.

Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

„Бидете нечија причина за насмевка“

Доста беше со оваа реченица! Кој има време да им го разубавува денот на сите? Овој инспиративен цитат звучи како фалење. Ако сакате да му се насмевнете на некој човек кој очигледно има лош ден, сторете го тоа, но тоа не ве прави посебни. Не сте херои затоа што сте се насмевнале. Сте пренеле позитивна енергија и тоа е супер, но не значи дека треба да добиете медал.

Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

„Сѐ се случува со причина“

Вистина е дека сѐ се случува со причина, но која е причината за она што се случува и како можеме да ги подобриме работите? Овој инспиративен цитат воопшто не е корисен и промовира незнаење. Вашиот дечко ве изневерил со најдобрата пријателка? „Сѐ се случува со причина“. Ви изгорела куќата со сите ваши работи во неа? „Сѐ се случува со причина“. Ви помогнавме? Не? Тогаш, престанете да го користите овој цитат!

Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

„Кога животот ви дава лимони, направете лимонада“

Не мора да направите лимонада, можете да направите многу други работи, како на пример да купите текила! Можете и да ги искористите лимоните за да удрите некого по глава, зошто мора да пиете лимонада? Не бидете толку ограничени!

Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

Време е да се замолчат сите оние претенциозни корисници на социјалните мрежи што си замислуваат дека се некакви гуруа. Ако веќе сакате да користите инспиративни цитати, бидете креативни и смислете некоја ваша реченица што навистина ви помогнала. Не е поентата да напишете што било само за да изгледате мудри и спиритуално прочистени.

Прочитајте ги и следниве неинспиративни цитати што ќе ги насмеат сите скептици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар