Застарени модни правила

Модниот свет поставува трендови и правила кои остануваат долго да владеат. Сепак, најкреативните поединци секојдневно покажуваат дека правилата не секогаш мора да бидат почитувани поставувајќи нови граници за модерното и урбаното. Ова се само дел од правилата кои пополека стануваат минато.

Застарени модни правила

Не комбинирајте ги црната и кафената боја

Многумина црната ја гледаат како боја која може да се искомбинира со сите останати. Сепак, сите ја знаат лекцијата дека во ниеден случај не треба да се комбинира со кафена боја. Во денешно време многу девојки го докажуваат спротивното, комбинирајќи ги овие две бои на стилски начин и за волја на вистината овој пар може да си одговара перфектно.

Застарени модни правила

Не комбинирајте злато со сребро

Доколку дизајнерите на накит немаат проблем да обединуваат златни и сребрени елементи на едно парче, зошто вие би имале проблем да ги ставите во комбинација во рамките на вашиот целокупен изглед. Според стилистите и дизајнерите на накит, оваа комбинација сè повеќе почнува да се почитува.

Застарени модни правила

Чевлите мораат да одговараат со чантата

Ова правило особено се прекршува доколку чевлите се во иста боја со вашата облека, па се одбира чанта во боја која ќе разбива. Исто така, можете да изгледате неверојатно комбинирајќи три бои од вашата гардероба. Колку поедноставно сте облечени, толку ви е поголем изборот за чевлите и чантата.

Застарени модни правила

Сината и зелената не одат заедно

Оваа констатација е многу погрешна, особено доколку станува збор за морнарска сина боја, која се смета за втора црна и оди во секаква комбинација, па дури и со зелената. Бебешката сина е многу потешка за комбинирање, но и онака не треба да доминира во вашиот плакар по петнаесеттата година.

Застарени модни правила

Хулахопки и отворени потпетици се лоша комбинација

Ова правило особено се практикувало за проѕирни хулахопки кои и онака се поретко се носат. Секогаш можете да облечете хулахопки со интересен дезен, комбинирајќи ги со отворени потпетици на плута и да изгледате одлично. Запомнете, оваа комбинација не се препорачува да се изведува со елегантни чевли.

Застарени модни правила

Спакувајте ја летната облека

Ова правило дефинитивно е најзастарено од сите. Облекувањето во слоеви е сè почест тренд, а парчињата летна облека секогаш се најдобриот избор за комбинирање. Организирајте го плакарот и користете ја зимската со летната облека за да изгледате тренди и модерно.Застарени модни правила

Некои работи, сепак се недозволени во модата. Ве предупредуваме за модните катастрофи кои секако треба да ги избегнувате. И не заборавајте, во тек е пролетната сезона со нови модни правила и стилови. Одлучивте каков ќе биде вашиот?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Se,Se E U Red I Smenet .. Najglavno I Nikad Se Nadevam Deka Nema Da Se Smeni CRVENO I ROZOVO NIKOGASH I NIKADE !

Остави коментар