Застарени модни правила кои смеете и треба да ги прекршите

Застарени модни правила кои смеете и треба да ги прекршите

Модата во најголем процент од времето се базира на правила кои мораат да се почитуваат, но од нив има и исклучоци. Голем број од денешните модни правила изгледаат премногу конзервативно, па нема причина да се држиме до нив.

2-zastareni-modni-pravila-koi-smeete-i-treba-da-gi-prekrsite-kafepauza.mk

1. Сребро и злато

Во суштина, дури не ни постои причина зошто ова правило треба да постои, но луѓето сѐ помалку и помалку се држат до него. А и ние сметаме дека ова модно правило треба да се занемари и да се впуштите во ваков моден ризик.

1-zastareni-modni-pravila-koi-smeete-i-treba-da-gi-prekrsite-kafepauza.mk

2. Шорцевите не се само за во лето

Веќе неколку децении наназад, шорцевите се носат и во зима. Самите тешки материјали како твидот пак, не ве оставаат да ги облечете истите модели во лето. Факт е дека шорцевите не препознаваат годишни времиња, но ете, луѓето заборавиле. Време е да се потсетите дека шорцевите се одлични и за во зима – соодветни за на работното место и елегантни за излегување, секако во комбинација со соодветна блуза и чизмички до глужд со висока потпетица. 3zastareni-modni-pravila-koi-smeete-i-treba-da-gi-prekrsite-kafepauza.mk

3. Патиките можат да се носат и надвор од вежбалницата

Како што видовме, минатата година беше година на патиките. Не си го одземајте комфорот што го заслужувате. Слободно носете ги со здолништа, фустани, па дури и за на работа. Ова е уште едно модно правило на кое дефинитивно треба да заборавиме.

5-zastareni-modni-pravila-koi-smeete-i-treba-da-gi-prekrsite-kafepauza.mk

4. Кратки сукњи после 40-тата

Зошто би се труделе околу својот изглед и кондиција ако не можете да ги покажете вашите вајани нозе? Би било голема штета да се носите онака како што ви диктираат годините само поради некое старо правило. Не постои закон кој диктира кога треба да престанете да се чувствувате млади. Користете ги своите години максимално. И онака веќе на 40 имате изграден стил и точно знаете што му одговара на вашето тело, така што многу се мали шансите да изгледате невкусно. Ослободете се од прангите на старите правила и искористете го секој ден пред вас. Па макар тоа било и за кратка сукња.

8-zastareni-modni-pravila-koi-smeete-i-treba-da-gi-prekrsite-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар