Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

Кога се набљудува од профил, обликот на телото кај жените може да открие дали во иднина ќе имаат проблеми со вратот или грбот. Според студијата објавена од Британското здружение на киропрактичари, проблемите со вратот кај жените се јавуваат околу 34-тата година. Тие дошле до заклучок дека оние жените кои имале навика да ја држат главата навалена кон напред, во дури 58% од случаите патат од болки во грбот и вратот. 29% од нив имаат проблеми со овие болки секојдневно.

Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

Веднаш зад нив се оние кои имаат малку подвиткан изглед на грбот, во форма на лак. Во овој случај дури 56% од сите жени патат од болки во грбот и вратот. Од друга страна пак, оние жени кои го држат својот грб исправен, имаат најмали шанси да се соочат со овие болки. Експертите предупредуваат да не се грижите само за изгледот на телото кое го гледате право пред вас во огледалото, туку и да се свртите и погледнете од профил. Кој е вашиот облик?

  • Лажичка: Рамен грб, рамена подвиени нанапред
  • Искривена кула: Главата спуштена нанапред
  • Мост: Исфрлен грб кон наназад
  • Даска: Рамен задник, рамен грб

Идеалниот изглед на вашето тело погледнато од страна е кога ушите, рамената, колковите, колената и зглобовите над стапалата ви се во иста линија. Доколку имате која било форма од овие погоре, големи се шансите дека со тек на време ќе се соочите со болки во вратот и грбот. Експертите велат дека доколку сакате да ја спречите појавата на оваа болест, вие треба да го исправите вашиот грб и да почнете да се движите поправилно. Кога стоите, треба да може да се повлече рамна линија од ушите од зглобовите на стапалата. Кога седите, оваа линија треба да ги поврзува ушите, рамената и колковите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар