Заштедете ова лето: Производи кои се успешна замена за хајлајтерот!

Заштедете ова лето: Производи кои се успешна замена за хајлајтерот

Доколку започнавте да штедите пари за моментално најактуелниот козметички производ, односно хајлајтерот, тогаш застанете за момент и погледнете во вашиот несесер. Сигурно во него ќе пронајдете производи кои можат да бидат успешна замена и ќе останете зачудени зошто не сте ги откриле порано. Дознајте кои се тие производи и тестирајте ги уште во првата прилика.

1-zashtedete-ova-leto-proizvodi-koi-se-uspeshna-zamena-za-hajlajterot-www.kafepauza.mk_

1. Кармин и сјај за усни кои не се лепливи

Сигурно не би сакале вашата коса да се залепи на вашето лице, па доколку имате кармин или сјај за усни кои не се лепливи, слободно искористете ги така што ќе ги нанесете со прстот на она место каде што обично нанесувате хајлајтер. Секако, водете сметка за нијансите. Тоа најчесто се светли нијанси кои влечат накај розово, боја на кајсија и боја на бисер. Исто така, безбојниот балсам за усни ќе му даде прекрасен сјај на вашето лице, но истото ќе го направат и бисерните нијанси. Како одличен пример е тоа што и професионалните шминкери сакаат да ги употребуваат на ревиите.

2. Сенка за очи

Ќе се изненадите кога ќе ја испробате сенката за очи на вашите јаболкници. Во палетите со сенки секогаш има нијанси кои можете да ги искористите како хајлајтер, па со самото тоа имате 2во1 производ. Односно, сите оние нијанси кои инаку би ги користеле за да го освежите аголот на окото, успешно ќе можете да ги нанесете и на остатокот од лицето. Секако, масните сенки се најдобар избор. Исто како и со претходниот производ, така и сенките за очи нанесете ги со помош на прстите.

4-zashtedete-ova-leto-proizvodi-koi-se-uspeshna-zamena-za-hajlajterot-www.kafepauza.mk_

3. Руменило

Доколку сакате шминка, тогаш со сигурност имате руменило. Секое руменило кое не е мат, односно содржи светкав сјај, не само што ќе ги зарумени образите, туку и ќе му ја деде потребната количина сјај на лицето. Бидејќи руменилото најчесто има специфична боја не би требало да го нанесувате на остатокот на лицето, па ќе биде сосема доволно да го нанесете на образите и јаболкниците, со тоа што вашето лице ќе заблеска и ќе ја добие потребната свежина.

4. Вазелин или кокосово масло

Последните два производи се ставени заедно, бидејќи даваат ист ефект. Сигурно дома имате барем еден од овие два производа, па доколку нанесете малку на јаболкниците, капаците и на врвот на носот, тогаш хајлајтерот воопшто нема да ви биде потребен, особено во лето кога би требало да ја избегнувате шминката.

3-zashtedete-ova-leto-proizvodi-koi-se-uspeshna-zamena-za-hajlajterot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар