Зашеќерени бадеми со цимет

Префинета елеганција на овие вкусни јаткасти плодови

Зашеќерени бадеми со цимет

Потребно е:
  • 450 г непечени бадеми
  • 1 1/2 лажици шеќер
  • 3 лажици цимет
  • 1 белка
  • 1 1/2 лажиче екстракт од ванила
  • прстофат сол

Зашеќерени бадеми со цимет

Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 150 Целзиусови степени. Земете едно тавче за печење, обложете го со хартија за печење и премачкајте го со малку путер. Во еден сад измешајте ги шеќерот и циметот, а во друг сад на страна малку изматете ја белката. Во белката додадете ги ванилата и солта.

Зашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со цимет

Бадемите прво извалкајте ги во смесата со белка, убаво да се обложат сите, па потоа во шеќерот.

Зашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со цимет

Вака подготвени, истресете ги од вишокот шеќер и ставете ги во тавчето во еден слој да се печат 10 минути. По 10 минути, измешајте ги и печете ги уште 10 минути.

Зашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со цимет

На крај, измешајте ги за последен пат и печете ги уште дополнителни 5 минути. Оставете ги да се оладат пред да ги сервирате.

Зашеќерени бадеми со цимет

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. bubeto Reply

    супер 😀 😀

  2. Име Reply

    Prekrasno nesto od badem :)

Остави коментар