„Засечени нокти“ – лесен маникир во 4 чекори

Декорирањето на вашите нокти знае навистина да ја разбуди креативноста во вас, како и уметничкиот дух. Тоа е исто како да создавате мало парче уметност на вашите или на нечии туѓи дланки. Овој пат ви предлагаме доста интересен и брз маникир кој ќе ги разигра вашите нокти.„Засечени нокти“ - лесен маникир во 4 чекори Потребно:

  • Лакови за нокти во две бои по ваш избор
  • Лак за основа
  • Лак за финиш
  • Црн лак за нокти
  • Ацетон
  • Тенка четка за маникир
  • Парче хартија (се користи како палета за боите)

Чекор 1

Откако добро ќе ги средите и израмните ноктите, нанесете еден слој лак за основа, кој е препорачливо да не е сосема проѕирен, односно да има некоја нијанса, за да им даде подобар изглед бидејќи нема целосно да бидат прекриени со боја.„Засечени нокти“ - лесен маникир во 4 чекори

Чекор 2

Работете многу внимателно. Направете геометриски форми на ноктите по ваш избор, нанесувајќи еден слој лак за нокти во боја. Доколку мислите дека не би направиле правилни форми со слободна рака, употребете самолеплива хартија за да ви помогне да ги направите формите и притоа да не излезете од линиите.„Засечени нокти“ - лесен маникир во 4 чекори

Чекор 3

На парчето хартија истурете малку од црниот лак. Ставете ја четката во ацетон (за да биде потенка и попрецизна), потоа земете малку од бојата. Внимателно исцртајте црни линии по рабовите на необоениот дел од ноктите, како на сликата.„Засечени нокти“ - лесен маникир во 4 чекори

Чекор 4

Нанесете еден слој лак за финиш на ноктите кој ќе им даде поголем сјај.„Засечени нокти“ - лесен маникир во 4 чекори „Засечени нокти“ - лесен маникир во 4 чекори


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар