„Зарем не сум му доволна?“ – Зошто мажите имаат потреба од друга?

Да ја оставиме настрана приказната дека човечката раса не е предодредена за моногамија и дека флертот не е изневерување. Во реалноста често наоѓаме докази за мажи кои изневеруваат. Притоа не мислиме само на интимниот однос како единствен начин на којшто мажите може да нè изневерат. Што е со сите флертувања, допишувања, размислувања, евентуални излегувања, фразата „таа ми е само другарка“?

1-zar-ne-sum-mu-dovolna-zoshto-mazhite-imaat-potreba-od-druga-www.kafepauza.mk_

Можеби звучи смешно кога ќе ви кажеме дека физичкото изневерување е најмалку болно. Можеби вашиот партнер успева да ви биде физички верен, но психички да ве изневерува со месеци или пак со години. Како да го спречите психичкото изневерување? За жал, тоа не е можно, бидејќи не постои начин да контролираме нечии мисли и желби. Дали треба да ја прекинеме врската, ако започнеме да фантазираме за друга личност? Одговорот најверојатно би бил ДА, но реалната ситуација покажува други опции.

Врската понекогаш опстанува, иако партнерот со месеци води паралелна врска во реалноста и во мислите. Сака една личност, друга го привлекува, со трета одлично комуницира! Прашањето е: „Дали може да пронајдеме една личност за сè и да се заштитиме од изневерувањето?“

Има ли љубовта рок на траење? После неколку години не е чудно, еден од партнерите да посака нешто поразлично бидејќи навиката го направила своето. Конкретно овде станува збор за момците, бидејќи тие по природа повеќе изневеруваат и потешко се врзуваат. Како изгледа таа идеална жена кон која засекогаш ќе бидат верни? Одговорот најверојатно го немаат ниту тие самите, но факт е дека само ретките од нив може да се пофалат дека пронашле жена за цел живот и дека останатите не ги интересираат.

2-zar-ne-sum-mu-dovolna-zoshto-mazhite-imaat-potreba-od-druga-www.kafepauza.mk_

Клучот најверојатно се наоѓа во психата.

„Животот е премногу краток и доколку ја пронајдеш личноста која ти одговара во 70% од работите, ќе се обидеш да ја зачуваш и да ја сакаш секој ден сè повеќе“ – ова е одговорот на едно слатко момче кое планирало да ја запроси својата девојка. Искушенијата постојат за да провоцираат и да се обидат да ни ги заматат мислите и умот, но само одредени личности, т.е. мажите кои знаат што сакаат и мислат на својата партнерка, ќе научат како да одолеат на тоа.

Нека не ве залажуваат приказните, бидејќи вистинскиот маж кој навистина ја сака својата поубава половина, не изневерува и нема потреба за друга без разлика каква е неговата природа. Доколку знае дека таа е вредна за неговата љубов, ќе ги чува сета своја љубов, страст и желба само за неа.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар