Започнавте љубовна врска на новогодишната ноќ? Колку навистина ќе трае овој однос?

Секогаш е забавно да ја исполните новогодишната ноќ со некоја љубовна авантура, но колку тоа ќе влијае во вас да се родат чувства кон таа личност и колку навистина ќе трае врската? Иако е тешко да се даде конкретен одговор, погледнете ги овие неколку знаци кои ќе ви помогнат да сфатите колку би можела да трае оваа нова љубов.

Завршивте со некое момче на новогодишната ноќ. Но, колку тоа навистина ќе трае?

Колку добро го познавате тоа момче?

Дали момчето со кое завршивте на новогодишната ноќ е некој што веќе подолго време ви се допаѓал, некој што го знаете само површно, или пак некој сосема нов што никогаш претходно го немавте запознаено? Колку добро ја познавате личноста може да игра голема улога во тоа дали работите помеѓу вас ќе траат или не. Ако претходно сте имале некоја меѓусебна врска, тогаш шансите за успех се поголеми, поради тоа што знаете неколку карактеристики еден за друг, а и имате ист круг пријатели. Спротивно на ова, доколку не знаете ништо за тоа момче, тогаш потешко е да ја задржите магијата помеѓу вас.

Колку бевте пијани?

Новогодишната вечер речиси и не може да помине без пиење алкохол. Па, колку повеќе сте биле пијани вие или момчето, толку поголеми се шансите вие двајцата да не можете да завршите заедно. Но, ако не сте претерале со внесувањето алкохол, тогаш имате потенцијал.

Дали добивте некоја порака или друг сигнал од него?

Дали деновиве добивте порака од него? Или пак некоја друга реакција која ви покажува дека си поминал убаво? Ако одеднаш исчезне и не слушнете ништо за него, тогаш најверојатно вие немате никакви шанси со него.

Дали се договоривте да отидете на вистински состанок?

Дали по вашата новогодишна средба се договоривте да излезете заедно и подобро да се запознаете еден со друг? Ако вашиот одговор е позитивен, тогаш работите дефинитивно се движат во добра насока.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар