Заљубени во погрешниот: 3 предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнорирате

Сакате сериозна врска во која партнерот ќе ви биде 100% предаден, но не го добивате тоа од него и затоа сте несреќни? Можеби е крајно време да размислите дали навистина треба да бидете со оваа личност. Со оглед на тоа дека многу мажи се емотивно недостапни, во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на фактот дека е време да ставите крај на оваа врска.

Заљубени во погрешниот: 3 предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнорирате

1. Директно ви кажува дека не бара врска

Тој нема намера да ви се предаде само вам и ако тоа отворено ви го кажува, големи се шансите дека нема да се премисли. Ако не ви одговара да бидете во минлива врска, нема цел да го чекате да се премисли или да се обидувате да го смените. За да се поштедите од потенцијалното патење, што побрзо ставете крај на оваа врска и заштитете се од повреда.

2. Обожава да ве „брка“, но кога ќе му дадете позитивен одговор тој губи интерес

Станува збор за класичната стратегија позната како „топло-ладно“. Мажите кои ја применуваат немаат сериозни намери кон вас, туку ве гледаат како еден вид предизвик или моментална авантура од која добиваат некаков вид задоволство. Тие би ве „ловеле“ сè додека се опирате, а кога конечно ќе попуштите, ќе се повлечат без никаков збор.

3. Неговите зборови не се совпаѓаат со неговите дела

Тој ве одвел на романтичен викенд, каде што прекрасно сте си поминале, а потоа без никакво објаснување ви ги откажал сите планови за следната недела. Тој ви испраќа измешани сигнали, кои еден ден се позитивни, а веќе следниот негативни и вие едноставно не можете да го дешифрирате. Но, многу е едноставно – вие за него сте забава кога нема што друго да прави.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар