Заљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

Сакате да се состанувате со бизнисмен? Ова може да биде проблем доколку и самите не сте впуштени во тие води, затоа што морате да бидете свесни за нивниот посебен начин на живот, нивната брзина, одговорност, навики и друго. Еве со што ќе се соочите доколку вашиот избраник е некој бизнисмен.

Заљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

1. Никогаш нема целосно да биде ваш. Морате да сфатите дека кога некој ги вложува своите години, пари и сета своја енергија во одредена работа, тој на истата гледа како на свое дете. Работата и парите ги опседнуваат луѓето, па исто како и со децата, така и на нив треба постојано да се внимава.

2. Тие читаат многу за бизнисот и личниот развој. Бизнисмените ретко доаѓаат до точка каде што се целосно задоволни со својот прогрес. Тие секогаш сакаат да напредуваат сѐ повеќе и повеќе. Нивните полици им се преполни со инспиративни и иновативни книги, а телефонот им е преполн со такви текстови и документи.

3. Понекогаш им е многу тешко да се оттргнат од работата. Кога поседуваат сопствен бизнис, за овие луѓе не важи правилото дека работата останува за на работното место. Тие постојано имаат нешто да направат, а тешко е да им се објасни дека треба да остават сѐ барем накратко и да се одморат.

4. Тие речиси за сѐ се прашуваат дали е вредно за нивното време. Тие никогаш немаат време, нивната агенда постојано е полна и многу им е важно залудно да не го трошат нивното време. Така, доколку поминуваат време со вас, тоа значи дека навистина им значите.

5. Тие немаат точно определено работно време. Така, на нивното слободно време не можете да гледате како на нешто постојано. Нив ретко ќе ги видите без лаптоп, а многу често дома се враќаат дури доцна во ноќта.

6. Нивните емоции варираат. Тие се задоволуваат единствено со успех, а незадоволни се со сѐ што има бавен напредок. Поради постојаната напорна работа, можно е нивните емоции постојано да варираат.

7. Поставуваат многу прашања. Тие никогаш не завршуваат со своето учење, а и многу се љубопитни – токму поради оваа карактеристика и стигнале до таа позиција. Нив ги интересира сѐ и тие се премногу богати со информации.

Заљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

8. Не сакаат да трошат време со мрзливи луѓе. Бизнисмените сакаат да бидат опкружени со инспиративни и способни луѓе. Мрзливите им ја одземаат енергијата и се премногу бавни за нив, при што тие меѓусебно не се разбираат.

9. Изгледаат дека се добри во сѐ. Тие се многу информирани и образовани, имаат здрава логика и мислат брзо. Покрај нив понекогаш можете да се чувствувате инфериорно, бидејќи изгледа како тие да се најдобри во сѐ. Но, тоа не треба да ве заплашува. Обидете се само да ја разберете нивната желба за натпреварување, која им е нормално секојдневно опкружување.

10. Стрес. Нервоза, повици во средина на ноќта и постојани кризни ситуации се само дел од секојдневната рутина.

11. Живеат за успех. За успех од секаков вид и на секое поле, но првенствено во нивниот бизнис. Доколку согледа дека вашата врска не остварува успех, многу е важно дека ќе си заминат од вас, затоа бидете внимателни.

12. Одлични се во изненадувањата. Спонтаноста е многу карактеристична за нив. Тие постојано купуваат нешто, така што изненадувањата како цвеќиња и чоколади доаѓаат во совршено време.

13. Тешко е да објасните со што се занимава вашиот партнер. На семејството, пријателите и роднините тешко им е да објасните што работи вашиот партнер, затоа што пред сѐ и вие самите прво треба да разберете, а подоцна да им објасните на другите дека тој нема едноставна работа.

14. Ним им треба партнер кој е фокусиран на нив, што ги чува и за кои се грижат. Бидејќи тие имаат премногу зафатен распоред и несреден приватен живот, ним им треба партнер со кој ќе може да уживаат, кој ќе ги разбере и ќе нема големи барања.

15. Тој ве сака и мисли на вас многу повеќе отколку што покажува. Тие само немаат време и начини да ви го покажат тоа. Најчесто се опкружени со бројки и тешко им е да се префрлат на романтика. Вашата љубов и посветеност им значи многу повеќе отколку што можете да замислите.

Заљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар