Закиселени печени компирчиња

Интензивен, но специфично интересен вкус

zakiseleni-pecheni-kompirchinja-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • ½ кг поситни компири, исечени на тенки парчиња по должина
  • 500 мл бел оцет (или 250 мл оцет со 250 мл вода за не толку јак вкус)
  • Маслиново масло (екстра девствено)
  • Сол
  • Бибер
Начин на подготовка:
  1. Во тенџерче ставете ги парчињата компири и оцетот. Зовријте ги, потоа намалете ја температурата и пржете ги додека не станат меки кога ќе ги прободете со виљушка, околу 8 минути. Оставете ги да се оладат околу 30 минути. Потоа исцедете ги впијте го вишокот со кујнска хартија.
  2. Загрејте ја рерната на средно висока температура. Наредете ги компирите на обложено тавче во еден ред, ставете повеќе маслиново масло, сол и бибер и пикнете ги да се печат. Печете додека не добијат кафена боја одозгора, односно околу 7 минути, а потоа превртете ги парчињата и печете ги од другата страна уште 5 минути. Сервирајте ги топли.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар