Задолжително четиво: 50 животни совети за СИТЕ, стари и млади

Ако читате нешто одново и одново секоја недела тогаш читајте ги овие одбрани совети за животот.

zadolzhitelno-chetivo-50-zhivotni-soveti-za-site-stari-i-mladi-kafepauza.mk

Во школо можеби ќе научите некои правила за животот, но за вистински да научите потребно ви е животно искуство или најдобро – можноста да учите од другите кои веќе поминале низ тоа. Затоа ви подготвивме 50 совети за животот кои можат да ви го подобрат секојдневието. Тие се дел од советите кои еден професор им ги дал на своите матуранти, но се безвременски и можат да се применат во сите аспекти на животот.

1. Постојат многу начини да влезете во базен. Скалите не се еден од нив.

2. Никогаш не откажувајте планови за ручек преку порака.

3. Не се откажувајте додека не пробате.

4. Ако уличен изведувач ве предизвика да застанете, тогаш заслужува да му дадете пари.

5. Секогаш користете „ние“ кога зборувате за вашиот тим.

6. Кога ќе ви се доверат со тајна, чувајте ја.

7. Само затоа што можете да направите нешто, не значи дека треба да го направите тоа.

8. Не се потценувајте себеси.

9. Добивате само една шанса да забележите нова фризура.

10. Ако останувате повеќе од една ноќ, тогаш распакувајте се.

11. Ако мора да се степате, удрете први и мавнете силно.

12. Чувајте слики од вашето прво милениче, автомобил и девојка/дечко.

13. Никогаш не го лажете вашиот доктор.

14. Правете одмор од вашиот телефон, интернет и ТВ барем еднаш во годината.

15. Поздравот со рака е подобар од автограм.

16. Не се задржувајте на врата, влезете внатре или излезете надвор.

17. Ако сакате да знаете што ве прави уникатни, дозволете да ви направат карикатура.

18. Никогаш не ја кратете косата на денот на специјалниот настан.

19. Никогаш не јадете храна на бирото ако можете да го одбегнете тоа.

20. Кога сте со нови пријатели, не им зборувајте премногу за старите.

21. Никогаш не ѕвонете кај некој пред 9 наутро или по 9 навечер.

22. Никогаш не е доцна за извинување.

23. Ако го знаете правилниот пат, тогаш тргнете по него.

24. Вие не го одбирате вашето име. Научете да го сакате.

25. Кога се венчате со личноста што ја сакате, се венчате и со целата негова/нејзина фамилија.

26. Не правете сцени.

27. Треба да знаете кога да ја игнорирате камерата.

28. Создадете време за вашата мајка на вашиот роденден. Тоа е посебен ден и за неа.

29. Никој не сака добар погодувач кога се отвораат подароци.

30. Давајте пофалби. Примајте критики.

31. Не зјапајте.

32. Секогаш носете ги ќесите од пазарење кога сте со вашата мајка. Таа ве носела 9 месеци.

33. Спротивставете им се на насилниците. Тоа треба да го направите само еднаш.

34. Ако сте ја кажале поентата, тогаш престанете со зборување.

35. Признајте кога грешите.

36. Ако се понудите да помогнете, не престанувајте додека не ја завршите работата.

37. Гледајте ги луѓето во очи кога им се заблагодарувате.

38. Никогаш не дозволувајте да го изгубите трпението, особено на работа.

39. Никогаш не разговарајте на телефон додека ручате.

40. Простете си себеси за грешките кои сте ги направиле.

41. Научете како да правите барем едно добро јадење.

42. Бидете добри кон помалите деца. Репутацијата се гради во текот на целиот живот.

43. Во ред е да одите сами во кино.

44. Ако не разбирате, тогаш прашајте пред да биде доцна.

45. Бидете добри слушатели, немојте само да зборувате.

46. Одржувајте го ветувањето кое сте го дале.

47. Вие сте тоа што го правите, а не тоа што го кажувате.

48. Вашите танцувачки потези можеби не се најдобри, но верувајте дека позабавно е да правите будала од себе отколку да седите настрана сами.

49. Дами, ако одлучите да носите штикли на првиот состанок, не се жалете колку ве болат вашите нозе.

50. Имајте цели.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар