Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

Според експертот за фитнес, Холи Рилинџер, наредниве неколку вежби можат да ви помогнат доколку сте премногу зафатени за вежбање, а имате желба брзо да се вратите во форма. За добро да го зацврстите вашето тело ќе ви бидат потребни само 2 минути на ден. Подготвени сте?

Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

1. Удар лево, удар десно

Застанете така што вашите стапала ќе бидат оддалечени малку пошироко од ширината на вашите рамена, прстите на нозете свртете ги за 45 степени нанадвор и подвиткајте ги колената така што бедрата ќе ви дојдат паралелни со подот. Направете „тупаници“ со дланките и поставете ги на висина на вашата брада, притоа држејќи ги лактите до вашето тело. Притискајте низ петите за да можете подобро да ги активирате мускулите на вашиот задник. Одржувајте ја оваа позиција додека удирате со десната рака преку вашето тело кон лево, истовремено вртејќи го торзото и главата во таа насока. Повторете го истото со левата рака кон десно. Продолжете со ударите во секоја насока околу 30 секунди без паузи, движејќи се најбрзо што можете.

Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

2. Брзи замавнувања

Легнете на стомак, а потоа подигнете се така што ќе ги поставите вашите дланки под рамената. Држете ги рацете целосно исправени и одржувајте рамнотежа со прстите на вашите стапала. Скокнете со десната нога нанапред, така што ќе ја спуштите веднаш покрај вашата десна рака. Паузирајте една секунда, а потоа во скок вратете го вашето десно стапало назад. Направете уште една кратка пауза, а потоа повторете ја истата постапка со левата нога. Продолжете со скоковите околу 30 секунди, правејќи ги најбрзо што можете.

Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

3. Рамни потскокнувања

Повторно легнете на стомак и исправете се така што ќе се држите на лактите и прстите од нозете. Употребете го горниот дел од телото за сила, скокајќи со двете нозе неколку сантиметри кон лево и веднаш потоа кон десно. Продолжете со скоковите околу 30 секунди, движејќи се најбрзо што можете. Фокусирате се да го одржувате задникот надоле додека скокате.

Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

4. Победнички скокови

Застанете така што вашите стапала ќе бидат оддалечени малку пошироко од ширината на вашите рамена, а прстите на нозете нека ви бидат насочени кон напред. Подвиткајте ги колената сè додека вашите бедра не ви дојдат паралелно со подот и потоа исправете ги рацете зад вас под агол од 45 степени. Притискајќи ги петите, обидете се да скокнете кон напред колку што е можно подалеку додека истовремено ги повлекувате исправените раце нанапред и кревајќи ги над вашата глава во форма на буквата „V“. Потоа вратете се во основната позиција и повторно скокнете. Повторувајте ги скоковите околу 30 секунди, најбрзо што можете.

Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар