Зачинети крцкави лешници

Овие вкусни лешници одат одлично со жесток пијалак. Бидејќи се лесни за подготовка, со нив можете да ги изненадите вашите гости или едноставно да си ги подготвите за грицкање додека гледате некое интересно филмче.Зачинети крцкави лешнициВреме на подготовка: 50 минути

Потребни состојки:

  • 500 грама лешници
  • сол
  • бибер
  • ким
  • 1 супена лажица маслиново масло

Начин на подготовка: Најпрво пуштете ја рерната да се загрее на 250 степени. Ставете ги лешниците во цедалка и убаво измијте ги под млаз вода. Зачинети крцкави лешнициПотоа тргнете ги на страна и оставете ги да се исцедат и исушат. Земете една поголема тава и во неа истурете ги лешниците. Одозгора ставете ги солта, биберот и кимот и сипете ја лажицата маслиново масло. Во состојките не е наведено колку да ставите од зачините, бидејќи тоа е оставено на вкусот на готвачот. Сепак, не треба да се претерува.Зачинети крцкави лешници Повремено превртувајте ги и мешајте ги за да не ви изгорат. По 40 минути печење, вашите вкусни лешници се готови. Откако ќе завршите, ставете ги во длабок сад и додадете уште малку сол.Зачинети крцкави лешници
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. :):):) Reply

    жалосно е прекрасниот вкус на лешниците да се маскира со зачини, а апатем и се губат сите витамини кои ги има лешникот . . Природени свежи лешници имааат прекрасна арома и се полни со витамини, минерали и други корисни состојки кои супер ќе го освежат организмот

Остави коментар