Забрзајте го вашиот метаболизам со помош на овие 3 вкусни пијалаци

Забрзајте го вашиот метаболизам со помош на овие 3 вкусни пијалаци

Во продолжение следуваат 3 одлични рецепти за брзо и ефикасно забрзување на метаболизмот, што резултира со губење на несаканите килограми и подобрување на општото здравје. Ќе забележите разлика по само неколку недели.

zabrzajte-go-vashiot-metabolizam-so-pomosh-na-ovie-3-vkusni-pijalaci

1. Сок од јаболко со цимет

Вториот пијалак на оваа листа се подготвува од јаболка и цимет. Ова овошје е богато со хранливи влакна, а циметот не само што има многу здравствени придобивки туку дава и одличен вкус. За да го подготвите, исечкајте едно јаболко на тенки листови и прелијте го со 300 милилитри вода. Потоа додајте десет лажички смелен цимет. Благодарение на оваа комбинација вашиот метаболизам ќе забрза и ќе ви помогне побрзо да ги согорувате мастите. Пред консумирање, оставете го пијалакот да отстои барем два часа на ниска температура. Пијте го пред спиење.

2. Кефир со зачини

За да го направите овој пијалак, додајте му на кефирот една лажичка цимет, една лажичка мед и прстофат изрендан ѓумбир. Добро измешајте ги сите состојки и пијалакот е спремен! Кефирот е одличен за варењето бидејќи ја подобрува активноста на желудникот и ги отстранува токсините. Се препорачува да го пиете два пати на ден – наутро на празен желудник и навечер пред спиење.

3. Меден пијалак

Медот е еден од најефикасните производи за забрзување на метаболизмот. Тој исто така помага при регенерација на ткивата и има антивоспалителни и антимикробни ефекти. Земете една лажичка смелен цимет, ставете ја во чаша вода и добро промешајте. Кога тие ќе се соединат, покријте ги и оставете ги да отстојат половина час. Потоа додајте им една лажица мед и повторно промешајте. Пијте го овој пијалак два пати дневно – на празен желудник и навечер.

Прочитајте и за овие едноставни 15 начини за забрзување на вашиот метаболизам…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар