Заборавете на она што ви го велат другите и живејте со полни гради!

Заборавете на она што ви го велат другите и живејте со полни гради!

Дали сте од оние луѓе на кои многу лесно им влијаат туѓите мислења? Не сте единствени! Постојат многу поединци кои се несигурни и не сакаат да знаат што им зборуваат другите зад грб. Токму затоа, не ги откривате сите работи за себе. Ги покажувате само оние страни на вашиот живот што се поубави и посредени, но вистината е дека сите го правиме истото. Можеби сите сме робови на општественото мислење, бидејќи постојат многу работи што ги криеме само за да се вклопиме.

Заборавете на она што ви го велат другите и живејте со полни гради!

Признајте дека повеќе време трошите на смислување совршен Инстаграм наслов отколку што уживате во фотографијата што сте ја објавиле. Ги отфрлате вашите амбиции затоа што не се сметаат за „кул“ или „прифатливи“. Повеќе ви значи туѓото одобрување отколку сопственото, па затоа се обликувате себеси со цел да се вклопите во одреден стандард и да добиете лајкови од сите што ги познавате. Им дозволувате на туѓите мислења да го контролираат вашиот живот и време е да се запрашате: Зошто?

Се вели дека најмногу се каеме за работите што никогаш не сме ги направиле. На крајот, можеби сите ќе се каеме поради совршената слика за животот што сме ја прикажувале и што сме се обидувале да ги исполниме очекувањата на светот, а не нашите.

Време е да почнете да го следите следниов совет: Заборавете на она што ви го велат другите. Заборавете на нивното мислење. Ако сакате да направите нешто, направете го. Ако сакате да бидете нешто, бидете. Не ви требаат луѓето кои се обидуваат да ве понижат поради тоа што сакате да го правите. Освен ако не повредувате некого, никој не смее да има мислење за она што сте решиле да го правите со вашето сопствено време.

(2) Заборавете на она што ви го велат другите и живејте со полни гради!

Трошиме премногу време грижејќи се за она што луѓето ќе го кажат за нас и забораваме да си го живееме животот. Да, на сите ни треба туѓото одобрување, но на крајот на краиштата, другите луѓето нема да мораат да живеат со вашите одлуки, туку вие. Ако го смените целиот ваш живот само за да исполните нечии очекувања, ќе ги пропуштите сите оние работи кои би можеле да ве направат навистина среќни.

Кога ќе бидете на смртна постела и ќе размислувате за сето она што се случило во вашиот живот, нема да се сеќавате на зборовите на вашите соученици или на критиките на мајка ви, туку ќе се сеќавате на она што сте го направиле. Што е уште поважно, ќе се сеќавате на работите што не сте ги направиле.

Не губете повеќе време! Почнете да одите на часови по глума. Запишете нов факултет. Дајте отказ на работа. Патувајте до Италија. Вљубете се во личноста која вашите пријатели не ја одобруваат. Занимавајте се со работата од вашите соништа, иако никој не верува во вашиот успех. Носете ја облеката што сите мислат дека е смешна. Пејте караоке и покрај тоа што ви велат немате никаков слух.

Немојте да живеете во согласност со општествените норми. Правете ги работите што ќе ви помогнат да блеснете и да прснете од среќа. Живејте со полни гради и никогаш нема да се покаете поради вашите одлуки.

Доколку сѐ уште не знаете како да живеете според сопствените правила, прочитајте како да престанете да се грижите за мислењето на другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар