Заблескајте во полно светло: Интересни комбинации за вечерно излегување

Заблескајте во полно светло: Интересни комбинации за вечерно излегување

Претпоставуваме дека подготвувањето за вечерното излегување најчесто ви претставува возбуда и волја за спремање и смислување интересни комбинации. Понекогаш едвај чекате да се организира некое излегување и конечно таму да можете да ги облечете вашите нови чевли кои сте ги купиле неодамна, а никако не се појавила прилика на која ќе можете да ги облечете. Но исто така, веруваме дека понекогаш подготовките за вечерното излегување ви задаваат главоболки, бидејќи веќе сè ви е досадено, сите веќе проверени комбинации сте ги облекле неколкупати, а и никако не ви се оди на некое место во тренд, бидејќи веќе знаете дека сите девојки таму ќе бидат облечени како по некое правило, исти од глава до пети. Малиот црн фустан е секогаш тука, тексас шорцеви и некоја блуза, залепени фармерки и кожна јакна… Па, и колку да се добри овие комбинации веќе се досадени. Сѐ е веќе видено, а вие сакате нешто интересно и потполно поразлично од останатите.

Затоа ние направивме мала селекција на интересни комбинации кои сигурно сте имале прилика да ги видите, но кога ќе се комбинираат на вистинскиот начин даваат една потполно нова димензија и ќе ви биде лесно да ги спојувате со останатите парчиња облека.

1-zableskajte-vo-polno-svetlo-interesni-kombinacii-za-vecherno-izleguvanje-www.kafepauza.mk_

Црниот комбинезон е секогаш добра замена за малиот црн фустан. Ако мислите дека нема ништо посексапилно од тесен фустан кој ја следи линијата на вашето тело и ги открива вашите нозе, грешите, бидејќи комбинезонот исто така може да изгледа секси и предизвикувачки, но само доколку знаете да го изберете вистинскиот модел и да го комбинирате на вистинскиот начин. За вечерно излегување изберете некој од елегантните материјали кој е украсен со чипка на деколтето. Исклучително тенките ленти изгледаат додатно секси, бидејќи ви ги откриваат рамената и дел од кожата на грбот. За да ја продолжите оваа предизвикувачка, а сепак елегантна приказна, облечете ефективни обувки во боја. Секако со високи потпетици.

2-zableskajte-vo-polno-svetlo-interesni-kombinacii-za-vecherno-izleguvanje-www.kafepauza.mk_

Доколку се спремате за тотално танцување во клубот, а не знаете што да облечете за да се чувствувате слободно и неограничено, а сепак доволно предизвикувачки, тогаш за оваа прилика плетениот фустан е вистинскиот избор за вас. Она што е важно да го нагласиме е дека фустанот од трикотажа во овој случај треба да го сочинуваат тенки и свилени конци, за да ви биде пријатен во текот на целата ноќ. Доколку плетката е малку поретка, тогаш овој фустан може да биде малку провиден, што е додатен плус, односно под него би можеле да облечете некој тесен памучен фустан или подолга блуза, која на секси начин би се прогледувала под фустанот. Од обувки можете да изберете што било, но ние овој пат би ви предложиле кратки, кожни чизми, бидејќи даваат совршен контраст на полупровидниот фустан.

3-zableskajte-vo-polno-svetlo-interesni-kombinacii-za-vecherno-izleguvanje-www.kafepauza.mk_

Фармерките се секогаш пожелни и секогаш се вистински избор. Но, за ова да не биде уште една комбинација на фармерки и црно сако, тогаш изберете некој интересен крој на пантолони. На пример, ѕвонарките или пак оние со широки, а кратки ногавици, би биле одличен спој заедно со сако од плиш или некој поразличен материјал. Меѓутоа, во оваа тренди комбинација, главниот збор сепак го имаат моќните и ефективни обувки. Со добар пар обувки ќе направите моден исчекор и на тој начин класичната комбинација ќе ја направите модерна и шик. Сандалите од виолетов плиш со дебела потпетица ќе изгледаат фантастично во оваа комбинација и совршено ќе ја надополнат.

4-zableskajte-vo-polno-svetlo-interesni-kombinacii-za-vecherno-izleguvanje-www.kafepauza.mk_

Ако сепак сакате да облечете фустан за вечерното излегување, тогаш тој нека биде од поразличен и помодерен крој, од сите оние што сме ги виделе до сега. Изберете ги оние фустани од последната мода кои личат на ноќници. Направен е од сатен или свила, а украсен е со чипка, но вие ќе го носите на начин како тој да е памучен фустан за секој ден. Доколку го споите со секси обувки на висока потпетица со врвки, ќе добиете комплетна приказна за вечерно излегување. Но за да го разбиете очекувањето во комбинирањето на овој фустан, додадете широк кардиган во интересна боја, кој на почетокот само ќе ви ги прикрива рамената, а подоцна само „случајно“ ќе се слизне од нив. Има ли нешто попредизвикувачки од ова?

5-zableskajte-vo-polno-svetlo-interesni-kombinacii-za-vecherno-izleguvanje-www.kafepauza.mk_

За вечерното излегување да биде вистинско во секоја смисла, потребно е да понесете и малку светки со себе. Комбинацијата од широко здолниште со висок струк и блуза со светки со тенки рамки е многу предизвикувачка иако не открива ништо. Всушност овој изглед носи една сосема нова димензија на елеганција и шик, кога го спојувате елегантното и модерното. Секако, и овде обувките играат важна улога, па потрудете се да изберете некои посебни и поразлични, во интересни бои и дизајни.

6-zableskajte-vo-polno-svetlo-interesni-kombinacii-za-vecherno-izleguvanje-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар