Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Без разлика дали трчате, пешачите или возите велосипед, вежбањето надвор во секој случај е многу поинтересно. Но понекогаш, во средина на зимата, вежбите во затворен простор изгледаат како единствена опција. Наместо да посетувате теретана, обидете се да ги практикувате овие шест активности кои без сомнение ќе ви ги дадат посакуваните резултати.

1. Организирајте забава за танцување

Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Организирајте забава во вашиот дом, поканете ги вашите пријатели и танцувајте. Не мора да бидете професионалци за да го изведете ова, важно е само да го движите вашето тело, со што ќе си овозможите добри кардио вежби.

2. Лизгајте на лед

Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Најдете лизгалиште кое е затворено и впуштете се на лизгање. Ова е добра вежба затоа што бара многу сила за да одржувате рамнотежа на телото. За да го зголемите ефектот, лизгајте понапорно од 20 до 30 секунди, а потоа забавете триесетина. Повторувајте го ова повеќе пати.

3. Практикувајте јога во топла просторија

Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Кога ви е ладно, нормално е дека сакате да се стоплите. Затоплете ја вашата соба и практикувајте јога која е многу подобар начин на вежбање, отколку вежбањето надвор на непријатни услови. Само внимавајте потоа нагло да не ја промените температурата на која ќе бидете изложени, затоа што ќе имате полоши ефекти.

4. Вежбајте во дневната соба

Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Пуштете си видео по кое ќе се водите и започнете со вежбање. Можеби ќе ви треба и некоја мала опрема, како што се тегови или јаже, но повеќето се лесни вежби кои може да ги практикувате дома.

5. Претворете ги во игра вашите обврски

Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Веќе имате обврска да го чистите вашиот дом, па зошто да не направите тоа да биде поинтересно? Доколку го изведувате на вистинскиот начин, чистењето може да биде вистински тренинг. Пуштете си ги омилените песни и фокусирајте се на обврските, а особено на оние кои трошат повеќе калории, како што е чистењето на бањата или чистењето со правосмукалка. Секогаш кога ќе започне нова песна, направете одредени движења со телото.

6. Пливајте

Забавни начини да вежбате во затворен простор за време на зимските денови

Затворениот базен е одличен за вежбање во зимските денови. Така ќе ги активирате сите мускули и по одреден период ќе ги забележите промените на своето тело.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар