За утрото да биде повеќе од добро: 8 производи за здрав појадок

За утрото да биде повеќе од добро: 8 производи за здрав појадок

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа е многу важно да го направите најздравиот избор на производи.

1. Јајца

Овој производ содржи 13 корисни хранливи состојки, вклучувајќи ги важните протеини. Исто така, жолчката е богата со витамин Б, кој е многу важен за помнењето, но содржи и лутеин и зеаксантин, кои поволно влијаат на здравјето на очите.

2. Кафе

Иако преголемата количина кафе нездраво влијае врз здравјето, една шолја наутро од оваа напивка содржи оптимално ниво на антиоксиданси. Во умерени количини, кафето поволно влијае на здравјето на срцето и мозокот. Исто така, може да го заштити организмот од создавање на рак и дијабетес тип 2.

6-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-kafepauza.mk

3. Банана

Ова популарно јужно овошје честопати е неправедно сместено во групата висококалорични производи кои луѓето кои се на диета би требало да го избегнуваат. Меѓутоа, бананите се совршен избор за појадок, со оглед на тоа дека содржат многу хранливи материи. Богати се со влакна, витамин Ц и калиум, а оваа комбинација е совршена за одржување на оптимален крвен притисок.

4. Грејпфрут

Уште еден одличен извор на витамин Ц и калиум е цитрусното овошје. Истражувањата кои се спроведени на клиниката „Скрипс“ во Сан Диего, покажале дека консумирањето на половина грејпфрут пред секој оброк, особено пред појадокот, го забрзува губењето на телесната тежина.

5-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-kafepauza.mk

5. Бобинки

Без разлика за кој вид бобинки ќе се одлучите, на организмот ќе му обезбедите многу антиоксиданси, влакна, витамин Ц и помалку калории. Некои истражувања покажале дека бобинките делуваат превентивно на појавата на рак, а може и да ги забават невролошките проблеми кои настануваат во текот на стареењето.

6. Грчки јогурт

Исто како јајцата, и грчкиот јогурт содржи протеини кои го воздржуваат нашиот апетит во текот на денот. Исто така е важен извор на калциум.

3-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-www.kafepauza.mk_

7. Чај

Благодарејќи на антиоксидансите фалвоноиди, љубителите на чајот уживаат во предностите од состојките кои го чуваат имуниот систем и имаат противвоспалително дејство. Зелениот, црниот и белиот чај, судејќи според некои истражувања, имаат важна улога во превенцијата на ракот, срцевите болести и дијабетесот. Секако, сето ова важи доколку пиете незасладен чај. Чајот има состојки кои предизвикуваат чувство на будност и ни помага да се сконцентрираме.

8. Овесна каша

Оваа здрава каша содржи многу влакна и прави да се чувствувате сито. Исто така, овесната каша може да го одржува нивото на холестерол на оптимално ниво. Додадете во кашата банана или бобинки и ќе добиете совршен хранлив појадок, богат со протеини, јаглехидрати и масти.

4-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар