За сите љубители на кафе: Започнете го денот со кофеински ѓеврек!

Ѓеврекот е омилен појадок на повеќето луѓе, бидејќи е лесен, хранлив и вкусен. Освен со ѓеврек, луѓето најчесто го започнуваат денот и со шолја кафе. Но, што ако ви кажеме дека сега постои производ што ги нуди и двете во едно? Не ни верувате? Станува збор за кофеински ѓеврек!

За сите љубители на кафе: Започнете го денот со кофеински ѓеврек!

Ѓеврекот се вика „Еспресо Баз“ (Espresso Buzz) и содржи околу 32 милиграми кофеин, односно една третина од количината што редовно ја внесувате преку шолјата кафе. Со оглед на тоа што пиењето кафе заедно со јадењето ѓеврек не е повеќе во мода, произведувачите го создале овој нов тип ѓеврек во период од 9 месеци и се надеваат дека ќе им се допадне на сите уморни хипстери во земјата.

Луѓето кои го пробале ѓеврекот имаат поделени мислења околу тоа дали може да се јаде или не. Еден од нив го опишал како „кафе што може да се џвака“, а друг како „неверојатно горчлив“. Сепак, некои луѓе сметаат ѓеврекот одлично би одел со шолја кафе, така што ако никогаш не ви е доста од кофеин, ова е совршеното ѓеврече за вас.

Што мислите вие за оваа идеја? Би го замениле кафето со кофеински ѓеврек?

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар