За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција: Животни закони за среќа и самодоверба

За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција: Животни закони за среќа и самодоверба

Третиот Њутнов закон гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција.“ Но, тоа не се однесува само на физичките појави. Всушност, истата работа се случува и во нашиот секојдневен живот. Кога нешто мислиме, кажуваме или вршиме некоја акција, донесуваме во таа акција сила која ни одговара на истиот начин. Токму поради тоа, со вас споделуваме 11 животни закони кои ќе ви помогнат да станете посреќни и да стекнете поголема самодоверба.

1-zakoni-na-zhivotot-koi-se-vistinite-bez-razlika-dali-veruvate-vo-niv-www.kafepauza.mk_

1. Законот за причина и последица

Без разлика што создаваме во оваа вселена, секогаш ќе ни се врати нам. Значи, ако сакаме да имаме љубов, вистинско пријателство и среќа, тогаш пред сè треба да ги сакаме нашите најблиски, да бидеме добар пријател и да настојуваме да ги усреќиме другите.

2. Законот за создавање

Клучот за создавање среќен внатрешен живот е тој да биде независен од надворешниот свет. За да го постигнете ова, треба да бидете свои, односно да се опкружите со луѓето и работите кои ги сакате и кои сакате да ги видите во вашиот живот.

3. Законот за препуштање

Не можеме да ја промениме ситуацијата, сè додека не ја прифатиме. А, доколку сè што гледаме во некого или нешто е непријателство, тоа значи дека сè уште не сме насочени кон прифаќање на повозвишен начин на живот.

4. Законот за растење

Главната задача за нас во овој свет е да се менуваме и да растеме како поединци, а не да се фокусираме на мнозинството луѓе кои ги среќаваме или да се растажуваме за местото на кое живееме и технологијата која ја користиме. Животот и времето кое ни е дадено е сè што имаме.

5. Законот за одговорност

Животот е како огледало. Кога нешто ќе тргне по зло, нешто не е во ред однатре со нас. Затоа треба да ја прифатиме одговорноста и да не ги обвинуваме другите.

6. Законот за поврзаност

Дури и кога мислиме дека нема последица тоа што го правиме, треба да знаеме дека сè на светот е поврзано. Првиот чекор не може да биде поважен од последниот, како ниту обратно, бидејќи и двата се клучни за извршување на задачата.

7. Законот за концентрација

Не можеме да размислуваме за повеќе работи истовремено. Доколку се занимаваме со нешто важно, во нас ќе нема место за лутење и завист.

2-zakoni-na-zhivotot-koi-se-vistinite-bez-razlika-dali-veruvate-vo-niv-www.kafepauza.mk_

8. Законот за прифаќање

Ние вистински го разбираме и го прифаќаме само она практичното. Доколку веруваме дека нешто е вистинско, но не сме спремни да го докажеме истото, тогаш значи дека имаме само мислење, а не и знаење.

9. Законот за сегашен момент

Копањето по минатото и наметнувањето на соништа за иднината може да нè одвлече од она што се случува во сегашноста. Старите шеми на однесување, како и старите соништа може да застанат на патот за нешто ново.

10. Законот за промена

Минатото ќе се повторува сè додека не извлечеме поука од него која може да го промени нашиот пат. Личноста не може да ги повторува истите работи и да очекува поразлични резултати.

11. Законот за трпение и награда

Секоја награда бара многу труд и вистинската радост во животот доаѓа од упорноста и знаењето дека пред или подоцна ќе се остварат наште цели.

12. Законот за значење и инспирација

Го примаме само она што сме го заслужиле. Вистинската вредност на нешто е еднаквата енергија и сила кои сме ги потрошиле обидувајќи се да го добиеме тоа. Но, само оној кој сака да дава на другите може да прими нешто инспиративно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар