За само 30 секунди: Навика со која ќе ја вратите заљубеноста од почетокот на љубовната врска

Во почетокот на врската поретко се забележуваат недостатоците кај партнерот. Тоа не значи дека ги нема, туку само заради почетната заљубеност не гледаме некои особини или навики кои подоцна ќе ни пречат.

1-za-samo-30-sekundi-navika-so-koja-kje-ja-vratite-zaljubenosta-od-pochetokot-na-ljubovnata-vrska-www,kafepauza.mk_

После почетниот занес, големата заљубеност и страст во врската, најчесто доаѓа до мало емотивно затишје. За прв пат почнуваме да забележуваме некои недостатоци кај својот партнер кои во почетокот не сме ги виделе, од особини до навики кои едноставно ни пречат.

Заради незадоволство и монотонија често помислуваме дека нашите чувства кон саканата личност полека исчезнуваат, но психолозите велат дека всушност се случува нешто друго. Човечкиот мозок може одеднаш да се фокусира на мал број работи. Ако е окупиран со нешто, губиме свест за сѐ останато. Со други зборови, ако се фокусираме исклучително на негативните особини или навики на партнерот, ќе заборавиме на оние позитивните заради кои сме се заљубиле во него.

„Модерните когнитивни психолози низ своите истражувања демонстрирале дека сме активни учесници во процесот на создавање перцепција и ни потврдиле дека она што го мислиме и го чувствуваме е дефинирано од она на што обрнуваме внимание“, пишува психологот Џенис Вилхауер.

2-za-samo-30-sekundi-navika-so-koja-kje-ja-vratite-zaljubenosta-od-pochetokot-na-ljubovnata-vrska-www,kafepauza.mk_

На почетокот од врската сме маѓепсани од квалитетите и позитивните особини на партнерот затоа што сме исклучително фокусирани на нив. Заради тоа би требало, во моментот кога ќе заборавиме зошто сме се заљубиле, да се потсетиме на сето она што е позитивно и убаво заради кое сме го пуштиле партнерот во нашето срце. Тоа можеме да го направиме со помош на едноставната вежба која можете да ја погледнете во продолжение.

1. Одберете мирно место каде што ќе можете да седнете и земете хартија и пенкало

Затворете ги очите и замислете го вашиот партнер на почетокот од врската, во моментот кога започнал да ви се допаѓа. Потоа на хартијата запишете како сте се чувствувале во тие моменти.

2. Потоа, почнете со создавање на листата

Секој ден пред спиење одвојувајте половина минута за да запишете по 3 квалитети или позитивни особини заради кои сте го засакале партнерот. Секое утро после будењето и пред станувањето од креветот, прочитајте го она што сте го напишале.

3. Запишувајте квалитети и особини секојдневно, 30 дена по ред

Тоа за што повеќе размислувате ќе го окупира просторот во вашиот ум. Кога свесно ќе одлучите дека ќе се фокусирате на позитивните особини на партнерот, тие ќе станат првата работа што ќе ви падне напамет кога ќе размислувате за него, затоа што е „активна“ во умот. Во тој момент ќе започнат да се менуваат и вашите чувства кон партнерот, односно повторно ќе почувствувате емоции како во почетокот на врската.

Доколку вашата врска стивнува, прочитајте неколку совети за враќање на шармот и страста во вашата врска.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар