За најхрабрите и најразличните девојки: Маршмелоу бојата за коса ги освои сите социјални мрежи

Ако сте во потрага по совршена комбинација на руса, бела и сива боја за коса, тогаш го имаме најдобриот предлог за вас! Станува збор за трендот познат како Маршмелоу што ги преплави сите социјални мрежи. Трендот е инспириран и наречен по најпознатиот американски десерт – маршмелоу, што сега го пронајде своето место и во светот на модата. А изгледа дека и на стилистите им се допаѓа.

(4) za-najhrabrite-i-najrazlichnite-devojki-marshmelou-bojata-za-kosa-gi-osvoi-site-socijalni-mrezhi-www.kafepauza.mk

За да ја добиете оваа нијанса, треба да измешате руса и сребрена боја за коса. Во комбинација, тие создаваат динамична боја што потсетува на нежни снегулки што се топат во уста. Сепак, барем за првиот обид, подобро е да се консултирате со експерт пред да се обидете сами да ги мешате боите за да не си ја оштетите косата.

(2) za-najhrabrite-i-najrazlichnite-devojki-marshmelou-bojata-za-kosa-gi-osvoi-site-socijalni-mrezhi-www.kafepauza.mk

Добивањето на оваа нијанса е вистински предизвик, па големи се шансите да ви требаат повеќе обиди за да успеете. Исто така потребно е и многу избелување и тонирање, па бидете трпеливи. А за одржувањето пак, имајте на ум дека е потрбна вистинска посветеност и чести посети на фризерскиот салон.

(3) za-najhrabrite-i-najrazlichnite-devojki-marshmelou-bojata-za-kosa-gi-osvoi-site-socijalni-mrezhi-www.kafepauza.mk

Па, како ви изгледа овој тренд? Дали сте доволно храбри и уникатни за да го пробате на својата коса? Додека сме на оваа тема, погледнете ги и лежерните фризури на блогерката Сара Ескудеро како инспирација за секојдневно стилизирање на косата…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар