За мажи: одберете облека според вашиот тен

Носењето боја на облека која не одговара на вашиот тен, прави да изгледате бледо и уморно, дури и ако сте спиеле 8 часа и се чувствувате супер одморено.

Пронаоѓањето гардероба која не доаѓа во конфликт со нијансата на вашата кожа е клучно за вашиот стил на облекување и за начинот на којшто другите ве доживуваат.
.

Определување на вашиот тен

Секој човек има природна нијанса на кожата, која генерално може да се класифицира во три категории: топла, ладна и неутрална боја. Еве како да дознаете во која категорија спаѓате вие:

Седнете пред огледало на силна дневна светлина. Земете накит или некои златни и сребрени предмети и приближете ги до вашата кожа. Ако вашиот тен изгледа подобро со сребро, тогаш имате ладна боја на кожа. Ако пак нијансата на вашата кожа повеќе одговара со златото, тогаш имате топла боја на кожа.

За мажи: одберете облека според вашиот тенАко вашиот тен е маслинест или златест, тогаш вие спаѓате во категоријата топли бои на кожа, а доколку имате бледо розов тен, тогаш спаѓате во категоријата ладни бои.

Кога еднаш ќе го определите тенот кој го имате, ќе можете да го подобрите вашиот стил. Имајќи ги на ум боите кои добро ви прилегаат, ќе можете да го направите правилниот избор на гардероба и во секој момент да се чувствувате одлично, не грижејќи се за тоа дали изгледате добро или не.
.

Избор на облека според вашиот тен

Топли бои на кожа значи дека треба да носите топли бои на облека и обратно. Ова не значи дека ако спаѓате во категоријата топли бои на кожа не смеете да носите виолетов дуксер. Бидејќи секоја боја има многу различни нијанси, вие можете да ја одберете онаа која најдобро му прилега на вашиот тен. Така на пример, виолетовата може да биде модро виолетова, лавандер и пурпурна. Во тој контекст, интензивната модро виолетова облека ќе изгледа подобро на оние кои имаат маслинест или златест тен, а лавандерот ќе одговара на оние со розов, бледникав тен. Затоа не грижете се дека треба да ја замените целата облека, туку секогаш кога ќе облечете нешто убаво погледнете се во огледало и видете како нијансата на вашата блуза одговара со вашиот тен.

За мажи: одберете облека според вашиот тен

  • Топол тен

Како што кажавме, оние кои имаат маслинест или златест тен изгледаат подобро кога се облечени во топли бои. Црвена, портокалова, жолта, беж боја и темно кафена се вистинскиот избор за типот на вашата кожа.

За мажи: одберете облека според вашиот тен

  • Ладен тен

Ако констатиравте дека имате бледо розов тен, односно спаѓате во категоријата ладни тонови на кожа, тогаш вам одлично ќе ви прилегаат розова, сина, зелена и виолетова боја на облека.

За мажи: одберете облека според вашиот тен

  • Неутрален тен

Оние кои не спаѓаат ни во ладни ни во топли бои на кожа, сепак се поблиску до едната или другата категорија, па во тој контекст, изборот на гардероба можат да го прават врз основа на конкретната нијанса. Во секој случај, оваа категорија на мажи се најсреќни, бидејќи ним им прилега убаво секоја боја на облека.

Ако ви се допадна овој текст, препорачајте ѝ на вашата девојка или пријателка да прочита кои бои на облека најдобро неа би ѝ прилегале.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. A.Westwick Reply

    Еееее никогаш нема да го натерам мојот дечко да облечи лилаво!!

Остави коментар