За дамите над 40 години: Едноставни, но ефикасни трикови за разубавување

Кога веќе одминале вашите дваесетти и сметате дека тие ви биле најдобрите години, време е да се уверите дека најубавите години само што започнале. Но, како што минува времето, потребно е да ја промените и вашата дневна рутина за разубавување за да забележите разлика. Погледнете ги овие 8 совети што треба да ги применувате, со цел да се чувствувате прекрасно во своја кожа и на возраст над 40 години.

Трикови за разубавување за жени над 40 години

1. Направете нова фризура

Исечете ја косата на слоеви со должина до рамената, а доколку пак се одлучите за бојадисување, избегнувајте темни нијанси, бидејќи косата природно осветлува со текот на годините.

2. Осветлете ги очите

Нанесете сенка за очи со боја на шампањ или бисерно моливче на внатрешните агли на очите. Осветлувајќи ја таа област, ќе оставите впечаток дека сте повеќе будни и свежи, а ова е одлично за жените кои се борат со темни кругови околу очите.

3. Избелете ги забите

Со текот на времето забите стануваат сѐ повеќе склони кон боење. Но, сѐ уште не е време да се откажете од кафето. Најдобриот начин да ги избелите вашите заби природно е со помош на куркума.

4. Не заборавајте да користите крема со заштитен фактор

Сонцето може да предизвика повеќе штета на вашата кожа отколку што можете да забележите. Поправете ја веќе направената штета со користење производи со ретинол за да ги омекнете линиите. Потоа, заштитете се од понатамошните штети користејќи крема за заштита од сонце.

Трикови за разубавување за жени над 40 години

5. Честа ексфолијација

Отстранете ги сите мртви клетки од кожата со ексфолијација неколку пати неделно или со четка за чистење на лицето. Помислете на вашата мазна кожа на лицето како палета за нанесување беспрекорна шминка.

6. Дефинирајте ги веѓите

Како што стареете, вашите веѓи природно ќе станат потенки. Пополнете ги малку така што ќе добиете помлад изглед.

7. Користете маски за лице

Маските за лице нудат многу придобивки, без разлика на вашиот тип кожа. Користете маска од чајно дрво за да ја смирите или пак витамин Ц за да ја осветлите кожата. Настојувајте ова да биде дел од вашата неделна рутина.

8. Отстранете ја подуеноста под очите

Подуеноста под очите е резултат на намалена циркулација на крвта – нешто што природно доаѓа со текот на годините. Затоа, пронајдете ја кремата што ви одговара и нека стане дел од вашата рутина.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар