За безвремен изглед: 5 совети од жените со стил

За безвремен изглед: 5 совети од жените со стил

Сигурно се прашувате што прават жените со стил и како секогаш успеваат да изгледаат убаво и средено. Со кои трикови се служат? Дали постои тајна за добар стил или едноставно се раѓате со тоа? Не, таквата жена дефинитивно не се раѓа. Добриот стил не е талент, тој се учи. Исто како што додека растеме ги гледаме нашите мајки, баби, тетки, сосетки и учиме од нив како да се однесуваме, исто така, потсвесно, го копираме и нивниот стил. Стилот се гради со години и се менува со возраста.

1-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

Па така, кога сме млади, сакаме урбан изглед, како инаку ќе нè забележи момчето кое ни се допаѓа? Потоа, кога растеме, од нас се очекува некоја сериозност во нашето однесување, а исто и во нашето облекување. Со сигурност не сакате во вашите триесетти да ве карактеризираат како неуредна девојка, кога секогаш треба да се покажувате во најдобро светло. Тоа можете да го постигнете доколку ги следите советите од личностите кои постојано се изложени на јавен живот и кои секогаш мора да изгледаат средено. Имајте на ум дека овие работи морате да ги применувате во складност со приликата и можностите.

1. Очилата за сонце секогаш треба да ви се при рака

Дефинитивно! Бидете внимателни во изборот на очила. Водете сметка тие секогаш да ви прилегаат совршено. А потоа, да се вклопуваат и со вашата гардероба. Добрите очила се секогаш забележани и секако, секогаш се во мода. Доколку имате проблем со изборот на оние вистинските, прашајте некого за совет. Образувајте се. Читајте. Одредете го вашето лице и одберете го својот модел за секоја прилика.

2-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

2. Држете се до класиката

Токму така! Залудна ви е добрата гардероба ако во вашиот гардеробер фалат оние најважните парчиња за модни комбинации. Жените со стил секогаш при рака имаат црни обични панталони и сако, мал црн фустан (кој е задолжителен), здолниште до колена, добра кожна голема чанта и црни салонки. Тоа се работи кои лесно се комбинираат, може да се носат во сите прилики и со нив никогаш нема да погрешите. Сакото делува работно, смело, стилизирано и модерно. Не двоумете се и овозможете си едно такво парче гардероба.

3-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

3. Избирајте квалитет пред квантитет

Тоа треба да биде вашето мото кога купувате. Секогаш обидувајте се да одбирате квалитетен џемпер, фармерки, јакна и обувки отколку да одите на квантитет и да ја носите истата таа гардероба само неколку месеци. Секако, не треба да се оптоварувате со тие работи, но квалитетната роба прави да се чувствувате добро во неа, а тоа е и одлика на добриот стил.

4-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

4. Секогаш користете парфем

Дамите со стил секогаш мирисаат занесно. Пружете си себеси добар парфем кој ќе ве одбележи секаде каде што ќе се појавите. Испробувајте, тестирајте, играјте си и пронајдете некој кој ќе биде вашиот заштитен знак. На пример, ние ви предложуваме да имате 3 омилени парфеми кои ќе ги користите во зависност од годишното време. И секогаш ќе мирисате добро. Жената која добро мириса никогаш не се заборава, тоа е 100% точно. Прашајте ги мажите!

5-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

5. Не се плашете да побарате совет

Како што веќе напомнавме, прашајте за совет! Доколку не сте сигурни дали е вашиот изглед е во тренд, прашајте некого за мислење. Вашата мајка, момчето, другарката, сосетката. Жените со стил никогаш не се потпираат само на себе. Погледнете само колку дами од јавната сцена имаат свои стилисти. Со години се облекуваат, а сепак сакаат туѓо мислење. И не се срамат да прашаат, па дури и по неколку пати.

6-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар