Правило 5-5-5: За 5 минути подгответе напивка што ќе ја пиете 5 дена за да ослабете 5 килограми

Правило 5-5-5: За 5 минути подгответе напивка што ќе ја пиете 5 дена за да ослабете 5 килограми

Природата отсекогаш била нашата најдобра аптека со чија помош можеме да се спротивставиме на бројни болести, но и да изгубиме неколку килограми. Најдобар пример за моќта на природата се крие во едноставната навика и правилото 5-5-5, со чија помош веќе во првите 5 дена ќе можете да се ослободите од таканаречените лажни килограми.

1-pravilo-za-5-oslobodete-se-od-prvite-5-kilogrami-za-5-dena-www.kafepauza.mk_

Правилото 5-5-5 се состои од едноставна напивка и неколку мали совети до кои треба строго да се придржувате доколку сакате да постигнете максимална ефикасност. Трите броеви 5 се однесуваат на брзината на подготовка (5 минути), траењето на третманот (5 дена), и максималните можни резултати (намалување до 5 килограми).

Потребни состојки:
  • 60 грама свеж магдонос
  • 1 лимон
  • 230 милилитри вода
Начин на подготовка:

1. Добро измијте го магдоносот, ставете го во блендер и иситнете го.

2. Во блендерот додајте го и сокот од лимонот заедно со водата, а потоа сите состојки добро измешајте ги.

2-pravilo-za-5-oslobodete-se-od-prvite-5-kilogrami-za-5-dena-www.kafepauza.mk_

Примена на правилата 5-5-5:

1. Напивката пијте ја секое утро откако ќе се разбудите, пред кое било друго јадење или пијалак.

2. Постапката повторувајте ја 5 дена по ред, без исклучоци.

3. После 5-от ден направете пауза од 10 дена, односно по желба, повторете ја постапката.

4. Напивката го забрзува метаболизмот и варењето, спречува насобирање на вода во телото и надуеноста, односно му помага на организмот побрзо и поефикасно да ги согорува маснотиите и калориите.

Дополнителни совети:

1. Правилото 5-5-5 нема во рекорден рок да ги истопи насобраните маснотии, туку ќе го забрза метаболизмот и ќе ви помогне побрзо да дојдете до посакуваните резултати.

2. Губењето на килограмите, што сигурно многу брзо ќе го забележите на вагата, најмногу ќе се однесуваат на насобраната вода во телото, односно забавеното варење заради кои се чувствувате надувани и подебели отколку што сте.

Токму заради тоа, првите 5 килограми кои можете да ги изгубите ги нарекуваме „лажни“ килограми.

3. Во текот на тие 5 дена јадете умерено и здраво, односно јадете овошје и зеленчук и пијте многу вода. Сладоледите, чоколадото, лазањите и сличните калориски бомби, секако, избегнувајте ги.

Библија на здравјето: 10 правила што сите треба да ги почитуваат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар