Врската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутро

Експертите тврдат дека периодите во денот имаат големо влијание на нашето здравје. Со изминувањето на секој час, холестеролот, крвниот притисок, телесната температура и хормоните постигнуваат различни нивоа, а секој од тие фактори различно влијае на нашата емоционална, психичка и физичка состојба. Научете како функционира вашиот внатрешен часовник за да знаете што би требало да правите во одреден период од денот, а што да одбегнувате…

Врската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутро

6 часот

Според научниците од Универзитетот Раш во Чикаго, најголеми шанси за удар од каков било вид (срцев, мозочен) има во периодот помеѓу 6 часот наутро и пладне.

7 часот

Одбранбениот систем на нашето тело е најранлив во текот на првиот час по будењето. Нивото на антителата кои се наоѓаат во првите редови на нашиот имун систем е најниско во тој период. Освен тоа, нивото на кортизолот, стрес хормон кој го намалува имунитетот, е покачено. Научниците советуваат дека луѓето би требало да одбегнуваат вежбање наутро, бидејќи напорните физички активности во раните утрински часови ја намалуваат отпорноста на вируси и бактерии. За да го зајакнете имунитетот, се препорачува да изедете здрав појадок наутро и да пиете многу течности. На тој начин ќе ја обновите функцијата на црниот дроб кој цела ноќ ги обработувал маснотиите.

8 часот

Шансите да се доживее срцев удар во периодот помеѓу 7 и 9 часот се 70% поголеми во споредба со другите периоди од денот. Тогаш крвниот притисок е највисок, што исто така го зголемува ризикот од срцев удар. Научниците многу прецизно го одредиле најризичниот момент, а тоа е 8 часот и 24 минути.

9 часот

Доколку сакате да забремените, најдобро е да водите љубов во овој период. Бројот на сперматозоидите е најголем наутро. Освен тоа, ова е најдобриот период за повторување на научениот материјал.

10 часот

Помеѓу 10 и 13 часот, нашиот мозок покажува најголема активност. Тогаш се зголемува и нивото на адреналин, па затоа овој период е идеален за извршување комплицирани задачи и донесување важни одлуки, додека, пак, проблемите најчесто се јавуваат помеѓу 15 и 17 часот.

12 часот

Лекарите препорачуваат дека луѓето кои страдаат од остеоартритис би требало да го испијат лекот околу пладне. Болката најмногу се чувствува во текот на попладневните часови и навечер, па затоа пладнето е идеалното време за земање лекови кои ќе почнат да делуваат точно во периодот кога болките ќе станат најсилни.

13 часот

Норвешките научници дознале дека мигрената најчесто се јавува во овој период од денот. Попладневниот пад на производството на хормони доведува и до пад на енергијата и концентрацијата.

Врската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутро

14 часот

Нашата енергија е на најниско ниво во 14 часот и 16 минути. Внесувањето мала доза кофеин може да ви помогне полесно да го пребродите попладневниот умор.

15 часот

Луѓето кои се занимаваат со механичка работа што бара многу мала концентрација се најпродуктивни помеѓу 15 и 17 часот. Освен тоа, ова е одлично време за секс, бидејќи овулацијата го достигнува врвот во околу 15 часот.

16 часот

Не е случајност тоа што најголем број од атлетските рекорди се поставени доцна попладне. Тогаш температурата на телото е највисока, а едно 5-годишно истражување докажало дека во тој период белите дробови функционираат на највисоко ниво.

19 часот

Ако пиете лекови за снижување на нивото на холестерол, ова е најдоброто време за тоа, бидејќи во овој период се зголемува производството на холестерол. Идеално би било доколку го испиете лекот помеѓу 18 и 20 часот.

20 часот

Со заоѓањето на сонцето опаѓа и нивото на хормоните, па телото станува почувствително на алергени и на останатите иританти на имуниот систем. Во овој период се зголемени и нападите на астма, а нивната состојба се влошува уште повеќе околу полноќ. Дигестивниот систем се забавува, па затоа треба да одбегнувате тешка и мрсна храна.

21 часот

Мајките кои дојат во овој период произведуваат најхранливо млеко кое е богато со маснотии и му помага на детето, но и на мајката помирно да спијат.

Полноќ

Ризикот од мозочен и срцев удар е намал во периодот помеѓу полноќ и 6 часот наутро, бидејќи крвниот притисок се снижува додека спиеме. Ова е добро време за водење љубов, затоа што либидото е најголемо помеѓу 22 и 1 часот по полноќ.

Доколку сакате да дознаете повеќе за вашиот внатрешен часовник, прочитајте кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар