Врнежливи денови полни со стил: Како да изгледате шик дури и во гумени чизми?

Доаѓаат оние денови кога надвор постојано ќе врне дожд, ќе биде ладно, мокро и досадно, а ние автоматски ќе го вклучиме расположението „не ми се станува од креветот, а камоли да излезам од домот“. Но, како се согласуваат есента и модата? Па, во принцип не толку лошо. Сега имаме можност да си играме со материјалите, слоевите, боите и дезените и да ја покажеме целата нашата креативност кога станува збор за облекувањето. А не мора да се грижиме ниту за обувките, бидејќи тука се гумените чизми. Да, можеби тие на прв поглед не изгледаат ниту малку модерно и шик, но тоа е само на прв поглед. Затоа ви нудиме неколку предлози како да изгледате атрактивно и шик во нив.

1-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

1. Во боја

Гумените чизми може да изгледаат сјајно во „стилска“ смисла доколку ги изберете во некоја силна, впечатлива боја. Не само што со својот изглед ќе го поправат „тмурното“ расположение, туку и ќе го унапредат вашиот есенски стајлинг. Вашите гумени чизми може да бидат во некоја боја која воопшто и ја нема во вашата комбинација, а можете да ги сложите и со некој аксесоар или детаљ од гардеробата. А кои бои доаѓаат предвид? Сина, зелена, жолта, виолетова, црвена… Одберете ги овие бои со еднобојна, сведена модна комбинација, а како што веќе кажавме, добар избор е и уште еден детаљ во иста нијанса. Тоа може да биде шешир, шал или чанта, за да ја заокружите целата приказна. Изборот е само ваш.

2-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_ 3-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

4-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

2. Лежерна модна комбинација…

Кога носите гумени чизми, со оглед на нивниот не така стилски изглед, најверојатно би помислиле дека треба да ги носите со некои не толку впечатливи дневни парчиња, но не е така. Одберете ги оние лежерни, тренди модни комбинации и потполнете ги со гумените чизми во црна или во некоја јака боја. Значи, додадете ги гумените чизми како додаток на секојдневните, урбани комбинации.

5-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_ 6-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

3. Или софистицирана!

Понекогаш во некои случаи можете да ги понесете гумените чизми и со софистицираните модни комбинации. Доколку се совпаѓаат во бојата, или пак доколку на некој друг начин изгледаат шик (поради моделот или деталите кои ги имаат на себе), дури и елегантниот фустан може да изгледа навистина занимливо во комбинација со ваков вид класични обувки. Па што, бидете смели и оригинални!

7-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_ 8-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_ 9=vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

4. Женствени бои

Она што е женствено, пастелно, романтично, па дури и „слатко“ може да изгледа доста модерно и занимливо, односно, вашата комбинација може да изгледа доста шик. Па така, поправете си го вашето расположение и освежете си ги есенските комбинации со чизми во розова, сина, виолетова или во некоја друга нежна, женствена боја за да добиете симпатичен, женски изглед.

10-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_ 11-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

5. Необично и оригинално

Покажете неочекуван уличен стил со избор на некои необични гумени чизми, како на пример, проѕирни. Да, звучи чудно, помалку така изгледа, но смелите девојки кои сакаат да експериментираат со својот изглед ќе знаат како да се „снајдат“ со ваквиот вид на обувки.

12-vrnezhlivi-denovi-polni-so-stil-kako-da-izgledate-shik-duri-i-vo-gumeni-chizmi-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар