Време резервирано за вас

Време резервирано за вас

За момент исклучете се од светот околу вас, стопирајте го времето, земете здив и резервирајте си момент посветен исклучиво на себеси. Доволно трчавте за да ги исполните вашите обврски за денес, да ги задоволите очекувањата на сите, да им направите услуга на блиските и да ги средите сите работи кои тргнале наопаку. Ова е време резервирано само за вас, за работите кои ви годат и ве опуштаат, време посветено за нештата во кои вие уживате. Еве неколку начини како да си отстапите повеќе време за себе.Време резервирано за вас

Не бидете робови на перфекцијата

Постојаните грижи да ги доведеме работите до перфекција, можат да бидат навистина напорни и да ни донесат повеќе стрес и притисок отколку задоволство. Не мора креветот секој ден да ви е совршено наместен, ниту рамките на сликите совршено подредени, зашто еден ден ќе сфатите дека опседнатоста сѐ да доведете до совршенство, ви ги одзела скапоцените мигови за одмор и релаксација. Оставете некои работи да поминат несовршени и уживајте во дополнителните мигови посветени на самите вас.

Мигови за лично задоволство

Оставете го вашиот мобилен да мирува, опуштете се со добар третман за лице или поминете повеќе време со најблиските и не дозволувајте да ве гризе совест. Тоа не е изгубено време, напротив, тоа се мигови за лично задоволство.Време резервирано за вас

Направете си распоред и почитувајте го

Направете си мини распоред за работните денови, што и кога правите. Не мора да сте точни до минута, но ако имате определен распоред, функционирањето на вашето тело и ум, ќе го прилагодите на една секојдневна рутина. Тоа е добро бидејќи ќе имате одреден ритам на движење, ќе знаете за што колку време ви треба, па полесно ќе ги избалансирате обврските и паузите во денот.

Километарски разговори по телефон

Ова е еден од оние моменти кога ви се јавува здодевната тетка, а вас ви се крева косата од глава. Не трпете непотребно долги телефонски разговори, културно дајте ѝ до знаење дека имате други обврски на кои морате да се посветите.Време резервирано за вас

Листа со работи кои ви одземаат најмногу време

Направете листа со работите кои ви одземаат најмногу време, зошто денешниот ден не може да го вратите назад. Најдете начин како да ги скратите или сосема да ги отфрлите работите кои непотребно ви одземаат време.

Избегнете долги редици и чекање

Не мора да одите во маркет тогаш кога сите пазарат или во банка кога на пензионерите им стигнуваат пензиите, бидејќи така само ќе изгубите драгоцено време и нерви. Бидете ефикасни и планирајте ги работите и ќе бидете изненадени колку лесно можете да ги насочите работите во ваша корист и притоа да заштедите време.

Престанете да го правите она што не морате и не сакате

Поделете ги обврските на делови, не мора сѐ да завршите во еден ден. Така и работата ќе си ја направите поефикасна. Избегнете ги обврските кои не ви се задолжителни, а тогаш кога ви е потребно време за себе, не морате да трчате да му направите услуга некому. Понекогаш не е грев да одбиете нова обврска и едноставно да речете „не“.

Прилагодување на обврските

Не мора цел ден да парадирате низ градот. Сами одредете си ја дневната динамика, складирајќи ги обврските и потребите во определен дел од денот, задолжен за едното или за другото.Време резервирано за васЧесто самите си наметнуваме обврски и правила кои нѐ гушат и ни ја цицаат енергијата. Не заборавајте дека вие управувате со сопствениот живот и со вашето време. Опуштете се со добра книга, но само ако уживате во тоа, во спротивно земете списание или едноставно не правете ништо. Не е страшно ако сте поминале некое време во безделничење – ритамот на животот си го диктирате самите. Пуштете музика, кренете ги нозете во вис, дозволете си чаша вино на пладне, искапете се во добра пенеста купка, разгалете се и опуштете се. Вие може да сте толку успешни, што би можеле со една наредба и планина да поместите, но пак ништо не сте направиле ако немате време со задоволство да уживате во вашето кафе и на раат да си читате Кафе пауза 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар