Време е за капут – Колку подолг, толку подобро, препорачаа трендсетерките

Заладувањето можеби не нè изненади нас, но нашиот гардеробер веројатно да. Малку се опуштивме со „пролетниот“ ноември, но сега е време да набавиме тренди зимски капути. Трендсетерките одлучија кое парче облека задолжително треба да го имаме во нашиот гардеробер, а станува збор за долгиот капут. Со текот на годините долгите капути потполно се занемарија, па дури беа сметани за модно промашување, но оваа сезона се враќаат на сцената и познатите личности, како и славните блогерки тотално полудеа по нив.

1-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

Крем парчињата кои се врзуваат се апсолутен хит помеѓу модните блогерки. Одлично се вклопуваат со сè, па дури и со фармерки.

2-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

Малку поелегантните сиви модели се одлични за работен изглед, совршено вклопувајќи се со црни штикли и црна чанта.

3-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

Некои парчиња ги чуваме само за специјални прилики. Нека бидат елеганти, гламурозни, уникатни…

4-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

Ако сте класичен тип и не сакате да експериментирате, за себе секогаш ќе пронајдете модели кои не излегуваат од мода и кои со помош на некој интересен аксесоар можат да ви дадат уникатен изглед.

5-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

Неутралната сива боја е добра за комбинација со кој било изглед. Ние предлагаме овој капут да го комбинирате со кожни панталони, кои исто така се задолжително парче за оваа сезона.

6-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

Руските јаки и високо закопчаните капути не се повеќе во тренд како што беа пред неколку години. Во тренд се модели кои имаат едно копче или се врзуваат.

7-vreme-e-za-kaput-shto-podolg-tolku-podobro-preporachaa-trendeterkite-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар