Време е за есенска детоксикација

Иако сончевите зраци, позитивно влијаат на нашето расположение и ја богатат кожата со витамин Д, сепак за време на летните месеци организмот се исцрпува и доаѓа до пад на имунитетот. За да си ја повратите силата и да го подготвите организмот за новата сезона, направете го овој напиток од само четири состојки, кој ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја направи кожата посјајна.

Време е за есенска детоксикација

Потребни состојки:
  • 2 литра вода
  • 1 свежа краставица
  • 1 лимон или 2 зелени лимони
  • 10-12 листови мента
Начин на подготовка:

Краставицата и лимонот убаво измијте ги и исечете ги на крукчиња. Ставете ги во еден стаклен сад или тегла и одозгора ставете ги ливчињата мента. Потоа сипете ја водата, убаво затворете го садот и ставете го во фрижидер за да се олади напитокот. Пијте по една чаша од напитокот, додека не го потрошите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. sofija Reply

    Po edna casa dnevno ili p[o edna casa pred ili po jadenje

Остави коментар